Како што над половина од возрасните Американци имаат примено барем една доза вакцина, а голем број други имаат „прележано“ ковид, така здравствените експерти се повеќе се оддалечуваат од идејата за достигнување на некоја магична бројка која ќе доведе до имунитет.
Пример Фаучи повеќе не сака да спомне групен имунитет, објаснувајќи:
„Наместо да се концентрираме на некој недофатлив број, ајде што повеќе луѓе да ги вакцинираме колку можеме побрзо.“
Тоа што Фаучи не го кажува експлицитно е дека без четвртина од Американците кои велат дека нема да се вакцинираат, групниот имунитет не е достижен.
„Теоретски е возможно, меѓутоа ние како општество го отфрливме тоа.
Во моментов веќе нема искоренување, веќе не станува збор за тоа. Сега можеме да зборуваме само за контрола,“ изјавил директорот за истражување вакцини на Мајо клиник, Грегори Поланд.
Сегашниот став на научниците е дека во иднина ќе има редовно избивање на ковид-19 и дека ќе може само да се работи на негово ограничување што е можно повеќе.
Освен овие што одбиваат вакцинирање, дел од проблемот за постигнување групен имунитет е и што вакцината за ковид не трае доживотно, на пример, како вакцината за сипаници, и треба секоја година одново да се зема.
„Ова значи дека најверојатно секогаш ќе има доволно невакцинирани луѓе кои ќе дозволат ковид-19 да се шири меѓу нив откако ќе пристигне во заедницата. Па дури и луѓето кои ќе бидат вакцинирани нема да бидат 100% заштитени од таквата заразна болест,“ пишува Елизабет Вајс во текстот за УСА Тудеј.
Професорката и директорка на ковид-19 моделинг конзорциумот на Универзитетот во Тексас, Лорен Ансел Мејерс, пак порачува дека „треба разговорот да го смениме од размислување за ковид-19 како цел до која ќе стигнеме или не. Едноставно е, колку повеќе имунитет толку подобро ќе биде за сите нас.“
Додека уште збореа за имунитет, првично СЗО објави дека ќе биде потребна вакцинација на 60 до 70 проценти од населението. Во декември, Фаучи зборуваше за 75 до 85 проценти од населението, а по појавата на позаразните варијанти на ковид-19 некои го кренаа ова до 90%.