Пресметката е од статистиките на Порнхаб, а според нив и таблет и десктоп уредите упорно продолжуваат да паѓаат во глобалниот сообраќај.
Кога веќе битката е меѓу смартфоните, таму поделбата е дека Ајфон доминира во Северна Америка, Австралија, Норвешка, Шведска, Гренланд, Британија и Швајцарија, и толку. Во остатокот од планетава порно доминантно се гледа на Андроид. На ниво на САД само од три сојузни држави имало повеќе посети на Порнхаб од Андроид отколку од Ајфон.
На веб-браусери на смартфон битката е меѓу Гугл Хром и Сафари, а истото се случува и на десктоп / лаптоп компјутери.
На ниво на мобилни оперативни системи има и сериозни разлики меѓу интересите на двете страни. Па така на Андроид терминот „japan“ бил 112% попребаруван отколку на Ајфон. Наспроти тоа, на Ајфон терминот „car sex“ бил 170% попребаруван отколку на Андроид.
Кај категории во истава споредба „Uncensored hentai“ е 101% повеќе кај Андроид, а „Lesbian“ е 65% повеќе кај Епл.
Во поделбата на компјутери, корисниците на Виндоус имаат повеќе пребарувања на термините: cartoon, virtual reality, hentai и trans with guy; а на Мекинтош првите четири термини се: popular w/ Women, solo male, lesbian и muscular men.