Како американската олигархија го создаде концептот за расата

Прашање: Како богатите бели земјопоседници ги осуетија црните робови и белите слуги и аргати да се обединат во заедничка борба за економска правда?
Одговор: Со тактиката „раздели па владеј“ остварена преку концептот на расата. Создади им чувство на белите слуги дека се супериорни кон робовите заради бојата на кожата и изманипулирај ја белата сиромаштија дека секој ќар за црнците оди на нивна штета.

Кога познатиот американски даскал, Џулијан Хопкинс Трети, им предавал американска историја на средношколци во Вашингтон, бил изненаден од тоакако сите се убедени дека „расата“ е стара колку и човештвото, дека е природна зададеност и дека тоа е тоа.

Сепак нашол начин како да ги натера малку подлабоко да навлезат во темата и сами да откријат дека тој феномен и не е толку природен и дека постојат подлабоки корени заради кои расата станува доминантен политички концепт во Америка, особено преку колонијалните закони, на пример робовладетелските кодекси во Вирџинија кои се на сила од 1640 до 1705 година.

Хопкинс на учениците им рекол да смислат свои закони кои би користеле една група на луѓе да се одвои од друга група на луѓе, како и тие да имаа функција да произведуваат чувство за нечија супериорност и надмоќност.

Кога учeниците ги предале домашните и кога Хопкинс им покажал дека нивните предлози, речиси од збор до збор се идентични со колонијалните закони во Вирџинија, не им се верувало.

„Не е можно, измислувате. Не е можно некој да седнал и навистина тоа да го напишал,“ реагирале учениците.

Шокантното сознание помогнало да се дојде до клучното логично прашање, кој тоа имал корист од вака ѓаволски смислено неединство на луѓе чии економски судбини се исти и суштински испреплетени?

И така, од „природната зададеност на расата“ се доаѓа до олигархијата и како таа ги штити нејзините интереси, а концептот за расата ѝ е еден од најчесто користените алатки за замаглување на реалноста.

Ваквиот поглед на историјата не е интегриран во американското образование и доминантните наративи за благородното раѓање на нацијата но е добро документиран феномен, на пример во делото „Верижна реакција; Влијанието на расата, правата и даноците во американската политика“.

„Како што расата беше користена од земјопоседничката - текстилна - банкарска елита во периодот од 1880 до 1964 за да се разбие класната солидарност на оние кои се на дното на економската скала., расата како национално прашање во последните 25 години ја разби и идејата за коалиција оздола - коалиција која ќе имаше шанси само кога би добила поддршка од сите со ниски и средни примања, било да се бели или црни.

Редистрибуцијата во тој правец непречено се одвива и денес а расата и расизмот се користат за да се манипулира црната и бела сиромаштија и да се спинува нивната енергија и ангажман, да се тепаат за трошките на капитализмот, додека топ 1 процентот го има целиот колач.

Олигархиското користење на расата во осуетување на класната борба денес може ефектно да се документира преку зачестеноста на темата во корпоративните медиуми кои ја палат таа черга:

*************

Види и:

Најголемиот непријател на слободата

 

 

 

 

 

 

 

25 април 2021 - 10:51