Snopes.com e на раб на финансиска пропаст откако неговиот основач беше обвинет за измами, лаги и ставање трошоци за проститутки и медени месеци на сметка на компанијата.
Финансиските запомагања на Давид Микелсон сепак допреа до многу искрени фанови на страната па само првиот ден од краудсорсинг иницијативата за помош биле собрани 500.000 долари.
Медиуми велат дека фановите баш и не знаат сè околу приказната и дека верзијата на Микелсен за тоа како настанале проблемите ни оддалеку не е најцелосна. И дека, за жал, тоа не се „лажни вести“.
Сноупс беше создаден во средината на 90-тите години од Микелсен и неговата екс-сопруга Барбара, за разобличување на митови и урбани легенди.
Последниве години се прилагоди на условите па влезе во политички води. По претседателските избори во САД, Соупсс беа избрани во панелот на Фејсбук арбитри кои решаваат дали информативните статии кои кружат по мрежата се лажни вести.
Но, истовремено, двајцата основачи се закрвија во разводна постапка во која неговата поранешна сопруга тврди дека Микелсен потрошил барем 100.000 компаниски долари на лични трошоци и проститутки. Микелсен бива тужен и од рекламната агенција Пропер медија која го купи 50% удел на Барбара во компанијата-мајка на Сноупс, Бардав Инк.
Апелот за помош на Микелсен се темели на тврдењето дека Пропер медиа го гуши и како заложник го гуши Сноупс. Тие имаат поинаква верзија за тоа како се натрупаа проблемите поради кои Сноупс е во опасност да затвори дуќан.
„Иако Сноупс суштински се темели на концептот на транспарентност и вистина, Микелсен стои зад една долга и матна шема на прикривања и подметнувања“, велат адвокатите на Пропер медија откривајќи дека Микелсен на акционерите одбивал да им даде увод во сите трошоци кои ги има правено за време на неговите патувања и излети.
„Ако на Микелсен му се дозволи да продолжи да директорува со Бардав, тој неповратно ќе ја исцеди компанијата со неговите лични и непотребни трошења“, предупредува Бардав.
Меѓу таквите трошења се десетици илјади долари за неговиот Меден месес со неговата нова жена, Елиса Јанг. А таа е прилично живописен лик: има порно кариера под името Ерин О'Брин а уште ѝ е активен сајтот на кој нуди дискретни услуги на „елитна куртизана“ за 500 долари на час.
Како што знаете од домашно искуство, персона која е склона кон проституирање, порано или подоцна ќе се проба и во политика, па Ерин се има кандидирано за конгресменка во Хаваи. Неуспешно.
Моментално е административен асистент во Сноупс.