Вакцините НЕ ве поврзуваат на интернет

Австралиското министерство за здравство, на својот сајт има дел за прашања и одговори во кој без ронка надменост, одговараат и на најглупите прашања. Mеѓу нив и дали со помош на вакцината може да се споиме на интернет.

 

Дали вакцините за ковид-19 нè поврзуваат на интернет?

„Ковид вакцините не ве поврзуваат на интернет и не можат да го прават тоа.

Некои од мРНК вакцините кои се развиени користат материјал наречен хидрогел кој помага содржината бавно да се дисперзира во телото.

Биоинженерите долги години користат слчни хидрогелови на различни начини. На пример, хидрогелот се користи за зачувување на матичните клетки откако ќе бидат внесени во нечиј организам.

Поради ова, некои луѓе веруваат дека хидрогелите се неопходни за електронски импланти со кои можеме да се споиме на интернет.

Фајзер вакцината НЕ користи хидрогел како своја компонента.

Таа вакцина содржи парче мРНК кое е обвиткано во липидна (масна) капка. Липодот помага вакцината да влезе во клетките, бидејќи и мембраните кои ги држат клетките заедно најчесто се направени од липиди. Вакцината и мембраната лесно фузираат па мРНК материјалот се остава во клетката“, стои во соопштението на авсстралиското министерство за здравство.

Како е кај нас?

Откако по којзнае колку време ќе добиете порака дека вашата пријава за вакцинирање е регистирана, првата (првата!) реченица после тоа е:

- Ако сте се предомислиле...

23 април 2021 - 11:42