Носењето маска надвор се тера речиси па непотребно

Носење маска надвор и потоа ставање на истата во џеб кога ќе влезеш во бар е исто како да носиш кацига дур одиш и да ја извадиш кога ќе се качиш на мотор.

На сите им е јасно ова, ама пак носењето маска надвор останува задолжително, а има исклучоци за носењето во затворено.

Првиот човек на Центарот за динамика на заразни болести на Харвард, Марк Липстич, неодамна застанува зад тоа дека е време да се престане со носење маски на отворено:

„Генерално сум поборник за зачувување на правила кои имаат јасен бенефит. Носењето маски надвор има забележителни трошоци и никакви докази за бенефит.“

Студија за 318 избувнувања на коронавирус во Кина, спроведена на почетокот од пандемијата, открива дека 317 се случиле во затворено. Единствениот што се заразил на отворено е 27-годишен маж кој разговарал со човек само што пристигнат од Вухан.

Европскиот центар за спречување и контрола на болести препорачува маски да се носат само во затворен простор, но „може да се земат предвид и на отворено каде има гужва“.

Новото истражување објавено во медицинскиот журнал Лансет, покажува дека коронавирусот главно се шири низ воздух, преку аеросоли кои се формираат како невидлив облак кога некој човек зборува или се накашлува. Авторот на студијата препорачува дека ширењето на болеста се спречува со тоа што ќе избегнуваш да си на затворено со луѓе од различни семејства, со засилена вентилација, користење на добро адаптирани маски на затворено и намалување на капацитетот.

„Единствено неопходно е да се носи маска надвор кога се изведуваат напорни вежби, како трчање, доколку минуваш многу блиску до некого, на пример, на тротоар.

За се останато, не е потребно надвор да се носи маска, бидејќи вирусот брзо исчезнува во воздух. Меѓутоа ако го вдишам воздухот кој само што сте го издишале, тогаш сум во ризик,“ објаснува авторката на студијата, Триш Гринлаг од Универзитетот Оксфорд.

Лидија Моравска е научничката која изминатава година го предводеше научното движење кое ги убеди главните здравствени власти во светот за важноста на пренесувањето преку воздух во ширењето на коронавирусот. Моравска е убедена дека маските не се задолжителни секогаш кога си надвор:

„Отсекогаш зборев дека надвор, кога се движиш и можеш да одржиш разумна дистанца, маската не е задолжителна.

На пример, шетање во парк, трчање или возење велосипед. Меѓутоа маските се неопходни надвор кога си во гужва или блиску до други луѓе.“

На крајот од март над 100 шпански експерти потпишаа отворено писмо во кое ги повикуваат властите одново да ги размислат препораките за превенција, имајќи предвид дека веројатноста за заразување надвор е најмалку 20 пати пониска отколку во затворено.

23 април 2021 - 11:50