
Жената не е избрана случајно, туку се работи за госпоѓа која живее во еден од најлуксузните делови на Хонгконг и за која се знае дека е сериозно имотна.
Таа летоска е контактирана од непозната жена која тврди дека работи во јавна безбедност, и ѝ објаснува на жртвата дека нејзиниот идентитет бил украден и искористен за сериозен криминал во Кина. По ова советот е да ги префрли парите што ги има во банка од нејзина сметка на сметката на тимот што ја спроведува истрагата, чисто заради безбедност и надзор.
Неколку дена подоцна во домот на жената доаѓа човек кој и носи посебен мобилен и СИМ картичка за безбедна комуникација со лажниот истражувачки тим, кој успева да ја убеди да направи вкупно 11 банкарски трансфери. Во текот на пет месеци жената вкупно им префрлила 32 милиони долари на измамниците, што е најголемата сума изгубена на телефонска измама.
Сето ова се завршило откако домашната помошничка почнала да се сомнева дека нешто се случува и ја контактирала ќерката на својот работодавец.
Минатата година во една слична измама на 65-годишна жена и беа одземени 10 милиони долари.