Иако со порастот на нивото на вакцинација, ќе опаѓа бројот на заразени, вирусот и натаму ќе се шири меѓу невакцинираните лица. А меѓу нив, диспропорционално ќе им многу деца.
Фајзер и други вакцини во моментов не се одобрени за млади од 12-15 но се проценува дека е тоа прашање на недели. Меѓутоа, за оние што се помлади од тоа, најверојатно ќе се чека 2022 година, бидејќи такви се клиничките тестирања.
Вакцинацијата веќе го менува пејсажот на пандемијата (минус ние кои сме за греови). Во САД бројот на хоспитализации на постари од 70 години е драматично намален, но останува стабилен кај останатите, помлади групи. Како што и тие ќе доаѓаат на ред, ковид-19 ќе почнува да заликува на детска болест.
Овие стари-млади приоритети имаат оправдување бидејќи ризикот деца да починат од ковид се 8.700 пати помали отколку кај оние постари од 85.
Во наредните месеци, заради вакцинацијата и убавото време кое дозволува повеќе престој надвор, во многу држави постепено ќе се враќа нормалниот живот но можно е децата и натаму да треба да носат маски во затворени простории. Во САД има 30 милиони домаќинства со мали деца и нивните родители ќе треба да бидат претпазливи во навигацијата низ ова време. Особено оние кои имаат некои критични медицински проблеми.
Посебен проблем се новите варијанти на вирусот. Британските научници се сомневаа дека сојот B.1.1.7 е многу позаразен меѓу деца отколку основната варијанта, но за тоа во моментов не постојат цврсти докази.
Носењето одлуки кои ги тангираат децата ќе биде дополнително комплицирано заради нерамномерниот интерес за вакцинирање, при што луѓето во руралните области често се поскептични кон вакцината.