
Екипажот не смее да го напушти бродот, и тоа така ќе трае се додека Египет и Евер гивен не постигнат спогодба околу штетата, а тоа нема да биде во скоро време. Дополнителниот страв е дека договорот нема да биде постигнат уште неколку години.
Египетската влада, преку агенцијата за управување со Суецкиот канал (СЦА), бара отштета од јапонската компанија сопственик на Евер гивен во износ од 916 милиони долари. Сумата е врз основа на штетата што ја претрпел каналот заради блокадата.
Според првиот човек на СЦА сопствениците на Евер гивен го оспоруваат најголемиот дел од сумата и „не сакаат ништо да платат“. Според осигурителната компанија која го застапува Евер гивен СЦА нема дадено детално оправдание за извонредно големата сума, која вклучува и 300 милиони долари бонус за одглавување и 300 милиони за „губење на репутација“.
На бродот има моментално 26 морнари од Индија.
„Значи, за брод кој плови под панамско знаме, во сопственост на јапонска компанија, управуван од германска компанија, со екипаж од Индија и заглавен во Египет моментално нема меѓународни гаранции за правата на нејзините работници да не завршат во оваа пловечка самица,“ пишува Ерин Маркис во текстот за Џалопинк.