
МОК има правило против сите форми на протести од спортисти во стадион, за време на церемониите или на подиум.
Правилото 50 забранува каква било „демонстрација или политичка, верска или расна пропаганда“ во Олимписките арени и во која било друга олимписка област. МОК по консултација со спортистите заклучил дека треба да го задржи правилото.
Во изминатите месеци, главно под притисок од БЛМ движењето имаше се повеќе повици за измена на ова правило, како би им се дозволило на спортистите некаква форма на протест.
Шефицата на комисијата за спортисти на МОК, Кристи Ковентри, која раководеше со ревизијата на правилото изјавила дека 70% од консултираните спортисти биле против какви било протести во рамките игралиштата или подиумите.
„Не би сакала некој да ми го оттргне вниманието од натпреварот и да ми одземе од него. И така се чувствувам и ден денес,“ изјавила Ковентри, инаку поранешна олимписка шампионка во пливање од Зимбабве.
МОК ги започнал консултациите на темава во јуни 2020, и во нив се вклучени над 3.500 спортисти.
Доколку се одржи, Олимпијадата треба да почне на 23 јули.