Од 36 номинации, Нетфликс фати 7 Оскари, од кои по два за „Ma Rainey's Black Bottom“ и за „Mank“. Веројатно најразочарани се што беа поразени во трката за „главниот“ Оскар за најдобар филм кој заврши кај „Nomadland“.
„Ma Rainey's Black Bottom“ доби Оскар за фризури и шминка и Оскар за костимографија, додека двата Оскара на „Mank“ се за кинематографија и продукциски дизајн. Нетфликс го собра и Оскарот за документарен филм за „My Octopus Teacher“, и по еден Оскар за краткометражен филм и краткометражен цртан филм за „Two Distant Strangers“ односно „If Anything Happens I Love You“.
Нетфликс големи надежи имаше и во категоријата најдобар машки глумец, каде беше номиниран починатот Чедвик Боусмен за неговиот настап во „Ma Rainey's Black Bottom“. Наградата ја доби Ентони Хопкинс за улогата во The Father.
По 3 Оскари земаа студијата Срчлајт и Ворнер брос, а Амазон, Дизни Пиксар и Сони земаа по два Оскара.