Во понеделникот, адвокатот на Човин побара поништување на судењето заради начинот на кој за него се известува во јавноста и заради изјавите на конгресменката од Калифорнија, Максин Вотерс, која викендов на еден собир им порача на БЛМ активистите „да бидат по конфронтирачки“ доколку полицаецот Човин не е осуден за убиство.
„Се надевам дека пресудата ќе биде виновен, виновен, виновен. А ако не се случи тоа, не смееме да си заминеме. Мора да останеме на улица. Мора да бидеме поактивни, и уште повеќе да се конфронтираме. Мора да се осигураме дека ним им е јасно дека сме сериозни,“ порача Вотерс во саботата на протестот околу неодамнешното убиство на 20-годишниот Донте Рајт.
Коментарот на Ерик Нелсон, адвокатот на Човин, е дека е неверојатно што американски конгресмен „се заканувал со насилство во врска со конкретни работи за овој конкретен случај.“
Одговорот на судијата Питер Кахил на ова е:
„Ти признавам дека конгресменката Вотерс можеби ти дала основа за жалба која може да заврши со поништување на целото ова судење.“
Судијата ги нарекол коментарите на Вотерс „одвратни“ но според него ти се не пресудни за поротата.