Вести

Зошто САД постојано губат војни?

Иако САД со децении се убедливо најмоќната земја во светот, со воен буџет капацитети без конкуренција, но сепак имаат долгогодишно искуство на порази во погрешни војни за погрешни цели. Ова ја вклучува и војната со Иран, во која сè уште не е постигната ниту една од наведените цели и која веројатно ќе заврши така што ќе ја засили стратешка позиција на непријателот.

„Новата ИРА“ на сила ќе ги протерува мигрантите од Ирска

Екстремистичката група Нова ИРА планира да ја прошири кампањата на насилства со прогон на мигрантите од целиот остров. Ситуацијата во Северна Ирска врие од јуни, кога 30-годишен азилант од Судан крвнички го нападна студентот Стивен О'Гилви и се обиде да му ја отсече главата. „Доаѓа време за граѓанска војна“, предупредил екстремист на социјалните платформи. 

САД се плашат од поевтини украински „патриоти“

Украина во изминатите две години успеа речиси од нула да ја изгради најмоќната индустрија на воени дронови во светот. Веќе ги произведува со милиони, сто пати повеќе отколку САД. Токму поради ова нема да добие лиценца за производство на ракетите „патриот“. Производителите во САД се загрижени дека украинските копии ќе бидат поефикасни и поевтини од оригиналот.

Речник

ЦИА ја претвори Википедија во оружје за пропаганда

Лери Сангер во 2001 година учествуваше во создавањето на Википедија. 25 години подоцна „слободната енциклопедија“ му забрани да уредува содржини. Тој тврди дека ЦИА и слични агенции со години уредуваат статии за да шират пропаганда, која денес се засилува преку хранење на ботовите со содржини што застапуваат ставови на влади и на големи корпорации.

Наставници ќе препознаваат „идни невработени“ меѓу децата

Основните училишта во Англија ќе бидат задолжени да предвидуваат кои деца најмногу се изложени на „ризик дека ќе бидат невработени“ откако ќе го завршат школувањето на 16-годишна возраст. Без оглед на нивните потенцијали да напредуваат подоцна, оваа група деца ќе биде насочена по друга патека што води кон занаети и дефицитарни професии.

Истокот се прераспоредува

Пакистан, Турција и Саудиска Арабија - американски сојузници со мнозинско сунитско население, потпишаа одбранбен договор со кој се обврзуваат на воена солидарност ако било која од нив биде нападната. Иако трите земји негираат, Пактот е јасно насочен против шиитскиот противник Иран, кој како победник во војната со САД е спремен да го прошири своето влијание врз регионот.

Некој е гласен на улица, некој е гласен со пари

На Гофундми, меѓу другите, има две паралелни кампањи за собирање донации, едната е за полицаецот што го уби 17-годишниот Нахел М., втората е на семејството на убиениот. Кампањата за собирање донации за полицаецот веќе ја надмина границата од 1 милион евра, или повеќе од 5 пати од средствата што ги има собрано втората кампања.

Газдата на продавницата за хероин и кокаин почина од предозирање

51-годишниот Џери Мартин во Ванкувер отвори гранап за легална продажба на тешки дроги за да им даде на наркоманите пристап до чисти и квалитетни дроги, откако тие беа дозволени со канадските закони. Пред неколку дена е најден предозиран.

Следен пат кога ќе решите да слушате девојка нека ви текне на Џозеф Алтомонте

Дечкото е девет години во врска и во тие девет години нема пипнато покер затоа што на девојка му (сега веќе бивша) не и се допаѓа кога тој игра. Раскинуваат, тој веднаш се враќа на маса и последната награда што ја освои е 217.000 долари.

ЕУ се цареви за идеи

По беспоштедната борба која со години се води против прдежите од крави како би се спасила планетата (што полека мутира во што ќе ви е говедско, јадете скакулци), следната брилијантна мерка од ЕУ на темава е блокирање на Сонцето.

Фондацијата на Сорос отпушта 40% од вработените

Една од „значителните промени“ што ги воведува новиот владетел на Сорос империјата, е „значително намалување на бројот на вработени од не помалку од 40% на глобално ниво“, ама за друго ќе тераат по старо.

Франција гради нова воена болница

За време на посетата на Марсеј, претседателот на Франција најави дека таму ќе се гради нова модерна воена болница која ќе биде потребна во случај на голема војна од висок интензитет.

8 јуни, денот кога Украина изгуби 25 тенкови и борбени возила за миг

Се работи за битката кај Мала Токмачка во која украинската 47-ма јуришна бригада и 33-та механизирана бригада се обидоа да пробијат преку минско поле што според Форбс завршило покатастрофално отколку што до сега се мислеше.

Володин побара да се преброи викендов кој тргнал накај граница

Првиот човек на руската Дума, Вјачеслав Володин, побара од службите на Думата да направат список кој се викендов, во време на бунтот на Пригожин, пробал или ја напуштил Русија.

Вештачкиот засладувач аспартам ќе биде прогласен за канцероген

Аспартам е веројатно најраспространетата замена за шеќер на светот која се наоѓа во најразлични „без шеќер“ производи од газирани сокови до мастики за џвакање. Најавата е дека СЗО се подготвува на аспартамот да му залепи етикета канцероген.

Укинат е „Рамковниот“ за американските факултети

Со 6:3, американскиот Врховен суд реши дека е противуставно Универзитетите да ја земаат во обзир расата на кандидатите при упис кај нив. Тоа таму го викаат „афирмативна акција“, кај нас е познато како „позитивна дискриминација.“ Не може така, порача Врховниот.

Путин започна чистка во војската

Генералот Герасимов формално не тргнат но веќе нема да учествува во одлуките за украинсккиот фронт. Под сомнеж и истрага се и високи команданти и пониски чинови кои не го сопреле маршот на Вагнер кон Москва. А Прижогин сфаќа дека амнестијата му следи само за бунтот, но не и за други дела од типот финансиски малверзации, кои не мора ни да се измислуваат.  

Федералните резерви предвидуваат катастрофа на американските бизниси

Американските компании се наоѓаат во парадоксална ситуација. Заострување на финансиските политики ќе им донесе дополнителни проблеми а олабавувањето на тие политики нема да им донесе многу подобра атмосфера за бизнис. Федералните резерви проценуваат дека речиси 40% од фирмите имаат проблем и дека наскоро може да почнат да не плаќаат.

Горење Куран станува национален спорт во Шведска

Вчера, на првиот ден од Курбан бајрам, Швеѓанец искина и запали Куран пред централната џамија во Стокхолм, во знак на некаков си нему оправдан протест. За разлика од претходните, овој протест имаше дозвола за одржување од шведската полиција.

Сите живи американски претседатели потекнуваат од семејства на робовладетели

Повеќе од 100 американски лидери, вклучително претседатели, конгресмени, гувернери и врховни судии се потомци на семејства кои поседувале црнци. Ова ги опфаќа и сите живи американски претседатели, со еден исклучок, не Обама, туку Трамп.

Русите го уапсија Суровикин?

Еден од замениците на Герасимов на украинскиот фронт, а едно време и главен руски командант на целосната специјална операција, генерал Сергеј Суровикин е уапсен од руските власти заради соработка со Пригожин.

Женските затвори во Америка се полнат со мажи

Во некои американски држави, доволно е да кажеш дека се чувствуваш како жена за да ти бие обезбеден престој во женски затвор. Една таква „жена“ оплоди две затворенички, го тргнаа од таму ама пак се обидува да се врати. На некои од овие им текнува дека се жени дури откако ќе бидат осудени на затворска казна.  

Ако вака продолжи Украина ни за 16 години нема да си ја врати територијата

Речиси редовно на неколку повторени официјални „не ја брзаме Украина“ доаѓа по некој ишарет од американските медиуми дека Украина што и да прави треба да гледа да ја забрза контраофанзивата. Овој пат пораката е од Вашингтон пост.

За Британија е поскапо да исели мигрант отколку да го чува

Британија ќе потроши 63.000 фунти повеќе за да смести некој мигрант во безбедна држава домаќин како Руанда, отколку ако истиот тој човек остане на островот.

Гугл е крал на џанк-рекламирањето

Како што постои џанк-фуд, така постои и џанк-рекламирање, кога парите на клиентите одат лапни-голтни, на сајтови чија содржина автоматски е генерирана или од вештачка интелигенција или од слабо платени амали во тн „контент фарми.“ Само за една година, на тој начин во ветер отишле 13 милијарди долари. Ама на некои клиенти тоа јако им звучи, „се рекламираме преку Гугл“.

Германија и Франција нагазија на укинување на правото на вето во ЕУ

Двете најмоќни членки на Унијата се решени до крајот на годината да ги „реформираат националните права“ на земјите членки на ЕУ, што главно се однесува на правото на вето и едногласното донесување одлуки во Брисел.

Украина викендов добила наредба да си гледа своја работа

Пред Пригожин да се повлече во саботата вечерта, повеќе западни функционери контактирале со украински функционери на различни позиции и нивоа за да ги предупредат да не помислат да го искористат хаосот во Русија и да почнат со напади на мети во земјата.

Уште некој ден и ќе биде како Пригожин никогаш да не тргнал со војска на Москва

На вториот работен ден по обидот за вооружен преврат на цела или дел од руската влада, руските власти објавија дека се откажуваат од сите кривични обвиненија против лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин.

Пригожин го ослабе Путин и си направи беља за цел живот

Без разлика кои беа вистинските намери на водачот на Вагнер, Владимир Путин не вади туку-така тенкови во Москва и не одржува вонредни обраќања до нацијата. Нејасно е зошто Пригожин тргна, уште понејасно зошто запре и се сврти назад. Но, тој тргна против рускиот врв во време на војна. Би било наивно да му се предвиди долг и просперитетен живот.  

Зошто украинската контраофанзива уште не доби залет?

По три седмици контраофанзива украинската армија наидува на серија фрустрирачки проблеми кои целосно ги комплицираат нејзините воени планови, дури и кога е опремена со ново западно оружје. Најголемиот проблем, како што ќе објасни еден украински полковник од фронтот е „сè е минирано, секаде.“