Вивек Рамасвами е 38 годишен претприемач во областа на биотехнологијата, роден во Синсинати, со индиско потекло. Завршил биологијата на Харвард, подоцна докторира право на Јејл. Се проценува дека тежи 950 милиони долари.
Познат е по своето спротивставување на налудничавата идеологија на „разбудените“ и смета дека САД се наоѓаат во национална идентитетска криза предизвикана од новите секуларни идеологии како што е ковидизмот, климатизмот и родовата идеологија.
Ова се неговите 10 заповеди:
1. Бог е реален.
2. Постојат два пола.
3. Човечкиот процут бара користење фосилни горива.
4. Обратниот расизам е расизам.
5. Отворени граници значи немање граници.
6. Родителите го одредуваат образованието на нивните деца.
7. Базичното (нуклеарно) семејство е најбитната организациона форма позната на човештвото.
8. Капитализмот ги вади луѓето од сиромаштија.
9. Постојат три гранки на американската власт, не четири.
10. Уставот на САД е најсилниот гарант на слободите во историјата.
Последните анкети покажуваат дека Рамасвами е на трето место меѓу републиканските кандидати за претседател на САД, веднаш после Трамп и ДеСантис.