Tалибанските власти во Авганистан - држава која до неодамна произведуваше 90% од хероинот во светот - драстично го намали одгледувањето опиум низ целата земја. Западни извори проценуваат дека во некои провинции, намалувањето е и до 99%.
Ова покренува незгодни прашања за сериозноста на американските напори за искоренување на дрогата во земјата во последните 20 години. Дополнителен аспект на ова е што, како што глобалните залихи на хероин пресушуваат, може да дојде dо зголемена употреба на фентанил - дрога десетици пати посилна од хероинот што веќе убива повеќе од 100.000 Американци годишно.
Талибанскиот проект веќе е наречен „најуспешниот напор за борба против наркотиците во историјата на човештвото“. Опремени главно со стапови и сабји, нивните тимови за борба против наркотици шпартаат низ земјата, сечејќи ги полињата со афион.
Лани во април минатата година, актуелната влада забрани одгледување афион. Новото истражување на компанијата за геопросторни податоци Алцис сугерира дека производството на афион веќе опаднало за околу 80%. Сателитските снимки покажуваат дека во провинцијата Хелманд, област која произведува повеќе од половина од родот, производството на афион е намалено за неверојатни 99%.
Пред само 12 месеци, полињата со афион беа доминантни. Сега во Халмонд се одгледуваат помалку од 1.000 хектари афион.
Наместо афион, земјоделците садат пченица, помагајќи да се ублажи гладот што го произведоа американските санкции. Обединетите нации предупредуваат дека шест милиони луѓе во државата се блиску до глад.
Цената на дрогата е примамлива (меѓу 2020 и крајот на 2022 година, цената на опиумот на локалните пазари порасна за цели 700%), ама па нема заебанција со Талибанците и ретко кој паѓа во искушение да насади афион.
***************
Види и: