Ирска банка несакајќи делеше пари на банкомати

Ирската полиција цела ноќ чуваше банкомати низ земјата откако банкарска грешка им дозволи на комитентите кои немаат пари на својата сметка да повлечат 1.000 евра од банкомат.

Нормално банките имаат евиденција кој колку пари подигнал, а Банката на Ирска ги предупреди граѓаните дека сумата ќе им биде запишана како долг.

Сепак ништо од ова не ги одврати Ирците да се наредат пред банкомати и да го повлечат неочекуваниот бонус. Дел од добитниците решија веднаш да се простат од парите и уште истата вечер почнаа со купување телевизори.

Освен што давала пари, грешката во системот спречила одредени сметки да префрлат пари за „итни плаќања“, а одредени корисници со пари на сметка не можеле да повлечат пари на банкомат.

18 август 2023 - 11:35