Се работи за прошетка од околу 2,5 километри која минува околу Градското собрание, Унион плоштадот, и населбите Мид Маркет и Тендерлоин, делови од градот во кои почетната цена на еднособен стан обично е околу 750.000 долари.
Во овој дел своевремено се наоѓаат и некои од најскапите продавници во градот како Нордсторм и Олд нејви, кои од неодамна целосно затворија дуќан и си заминаа од Сан Франциско.
Од јануари 2020 речиси половина од сите продавници во центарот на градот ставија катанец заради слабата продажба, немањето минувачи и недостатокот на туризам. Оние пак што се останати имаат ангажирано значително повеќе обезбедување кое спроведува редовни проверки на торбите на муштериите.
Меѓу духовите на Сан Франциско наскоро се очекува да влезе и Хилтон Сан Франциско каде соби некогаш чинеа по 450 долари од вечер и Хилтон парк хотел со подостапни соби од 150 долари од вечер.
Криминалот во центарот на градот е стигнат до таму што на вработените во федералната зграда Ненси Пелоси, неодамна им беше наредено да не доаѓаат на работа и да работат од дома.
Проблемот со наркоманијата стигнува до таму што екипи на локални не-профитни организации, секое сабајле го „чешлаат“ центарот и го чистат од колабирани или починати зависници.