Овоземните супер-моќи на Дедпул

Рајан Рејнолдс не е само еден од оние глумци на кои им се посреќило да глумат во холивудски блокбастери. Дечкото има неверојатен бизнис инстинкт и маркетиншки слух. Само од еден деловен потег има заработено 300 милиони долари. Компаниите во кои имал удел или ги продал тежат над 14 милијарди долари. Не џабе нон-стоп се смее.

1. Aviation Gin - компанијата која беше продадена за 610 милиони долари.

Многумина мислат дека тој ја има основано компанијата, ама, не. Еден ден го пробал тој џин и толку му се бендисал што решил дека мора да биде дел од таа приказна.

Рајан не само што стана лице на брендот и инвеститор на капитал во него туку и го водеше креативниот маркетинг на дигиталниот оддел на компанијата.

Тој стоеше зад серија збунувачки но вирално успешни кампањи, како оваа со Ричард Бренсон, кога најавуваше спојување на нивните компании (а нема везе).

Во 2020 година, британскиот гигант Диагео ја купи компанијата за 610 милиони долари. Според договорот, Рејнолдс и натаму е ангажиран во креативата на маркетингот.

2. Alpine F1 Team - екипа во која Рејнолдс со уште неколкумина инвеститори купија 24% од акциите за 328 милиони долари.

Лани екипата заврши четврта во Формула 1.

Зошто Рејнолдс би купувал Формула 1 екипа? Затоа што ги следи и разбира трендовите:

- глобалната ТВ публика за Ф1 во 2022 година беше 1,54 милијарди. Тоа е 15 пати повеќе од Супер Боул. Во САД Ф1 забележа голем пораст на популарноста благодарејќи на серијата на Нетфликс „Drive to Survive“.
- во однос на следбениците, тоа е најбрзо растечка спортска лига на планетата која на социјалните мрежи постигна пораст на заинтересираност од 74% и ангажираност на 1,5 милијарди луѓе.

3. Малку познат фудбалски тим.

Глумецот Роб Мекелхени се опседнал со фудбал, особено по серијата на Нетфликс за клубот Сандерленд: ‘Til I Die.

Разбрал дека на Рексам, клуб од пониско ниво, му требаат пари. Му предложил на Рајан да го купат заедно бидејќи му требале пари од  некој од А листата на Холивуд, некој кој има џин, мобилна компанија....

Рајан се согласил и го купија за 2,5 милиони долари. Во април годинава, Рексам ја освои првата лигашка титула во 45 години.

4. Mint Mobile. Само од ова, Рајан Рејнолдс заработи 300 милиони долари, откако ги продаде своите акции во 2023 година.

Рејнолдс купи 25% акции во Минт во 2020 година. Веста дека тој влегува во компанијата, речиси преку ноќ го зголеми бројот на нивните претплатници за 34%.

Годинава Т- Мобајл го купи Минт за 1,35 милијарди долари.

5. Агенцијата Maximum Effort.

Во 2018 година, ја основаше оваа основаше компанија за продукција и адвертајзинг, заедно со маркетинг ветеранот Џорџ Дјуи со кого имаа работено на првиот Дедпул. Пуштаа вирални реклами со исчашен хумор:

И Дедпул го рекламираше со слична техника:

Во 2021 година, Рајан ја продаде агенцијата на адвертајзинг гиантот MNTN.

6. Акции во финансиски технологии

Има удел во огромната Wealthsimple која има пазарна вредност од близу 4 милијарди долари, како и акции во Nuvei, компанијата од истиот жанр.

7. 1Password, софтвер за управување со лозинки

Уште една од оние несекси инвестиции. Но... компанијата собра 620 милиони долари, вклучувајќи и негова инвестиција и сега се проценува на 6,8 милијарди долари. Го направи 1Password и спонзор за неговиот клуб Рексам.

Хантер Хемондс вели дека во бизнис потезите на Рејнолдс може да се види шема:

- се клади во области кои обично имаат досадни реклами;
- влегува „Аll In“ во маркетинг и промоција (стратегија која ја замразивме заради она копито Заев);
- останува љубопитен за различни индустрии;
- бара „досадни“ брендови и ги претвора во вирални машини.

Дечкото е талентиран, па тоа ти е.

 

 

20 август 2023 - 11:57