За дел од американските воени функционери и за членови на администрацијата на Бајден, украинските напади на Крим во најдобар случај се дистракција, а во најлош случај трошење на скапоцени ресурси на стратегија која според многумина аналитичари ја остава Украина премногу тенко развлечена меѓу две оски на напад.
„Тоа го пореметува балансот на Русите, но не прави ништо одлучувачко. И веројатно ќе биде подобро за сите нив ако се фокусираат само на контраофанзивата,“ ја пренесува Си-ен-ен изјавата на висок американски функционер.
Украина го искористува тоа што речиси една третина од Крим сега им е во домет на американските ХИМАРСИ, па само минатата недела изведе неколку ракетни напади на мостовите на полуостровот. Украинската страна нападите на Крим ги оправдува како клучен дел од нивната стратегија, чија намера е да се спречи или барем забави снабдувањето на руските сили на југот преку Крим.
Освен штетата што се прави, западните аналитичари сметаат дека нападите за сега не придонеле ништо посебно кон 10-неделните украински обиди да ги пробијат руските редови „нешто што според одредени критичари се случува затоа што Украинците не се фокусирале на ниту еден конкретен напор туку своите ресурси премногу тенко ги имаат раширено на повеќе фронтови.“
За сега САД тврди дека ја нема советувано Украина да го напаѓа Крим.