Вести

Мигрантите ја прекроија политичката карта на Германија

Неодамнешните регионални избори покажаа како миграцијата ја променила политичката карта на Германија. Натурализираните дојденци, кои годинава прв пат имаа право на глас, ги издвоија Берлин и Истокот во два посебни и спротивставени света. Тоа беше видливо и во кампањата, во која дури и социјалдемократите понудија манифест на четири странски јазици.

Патна карта на Римската Империја:

Сите патишта воделе до - Цариград

Многу од денешните сообраќајни артерии низ Европа се изградени врз патиштата изградени од Римјаните. Анализа на досега најтемелното дигитално мапирање на патната карта од пред 2.000 години покажува дека Рим всушност бил далеку од главниот коридор во античката сообраќајна мрежа. Многу поважни јазли биле Византион, Антиохија, Коринт и Анкира.

Трамп и Си ги спојува магнетна врска

Кинескиот претседател пристигна на самит во Белата куќа вооружен со моќно оружје – доминацијата во синџирот на производство на ретки минерали. САД не можат да најдат алтернатива за кинеските магнети, кои се клучни за воената индустрија, па Трамп е под притисок да прифаќа отстапки на другите отворени теми и да го продолжи трговското примирје со Пекинг.

Речник

Швеѓаните ќе прегласуваат поради изборна измама?

Истрага за измама може да го промени победникот на парламентарните избори во Шведска. Натурализиран сомалиски имигрант кој освоил пратеничко место како кандидат на левицата е осомничен дека им плаќал на гласачи и им делел ливчиња на кои веќе е заокружено неговото име. Ако биде потврдена измамата, Швеѓаните првпат во историјата ќе мораат да прегласуваат.

За пцуење во Грузија се оди во затвор

Судовите низ Грузија се полнат со „безобразници“ откако властите со закон го забранија пцуењето по интернет како дел од кампањата за прочистување на политичката клима во Грузија од токсични поделби. Премиерот ги прогласи вербалното навредување за „оружје што политичките непријатели го користат за дестабилизација на земјата“.

Во доба на роботаксија, Убер се обложува на луѓе 

Убер вложува милијарди во новите автомобили без возачи, но верува дека клучниот фактор за економска исплатливост е да го зголеми бројот на возачи. Компанијата пресметала дека хибридна мрежа во која се вклучени луѓе може да ја зголеми зафатеноста на автономните возила што би носело поголем профит отколку флота составени исклучиво од роботаксија.

Украина ги смени сите началници за регрутирање

Комплетната постава на шефови на регионалните центри за регрутирање во украинската војска се отпуштени од работа откако истрагата потврди дека во земјата за пари може да се избегне служење војска.

Контраофанзива 2024

Не очекувајќи некој драстичен напредок на фронтот западните сојузници на Украина веќе почнаа да ја меркаат пролетта 2024 како период за почеток на нова унапредена и подобрена контраофанзива.

Мојон обожава(ше) суши

Женската одмазда не се сервира најдобро само ладна, туку понекогаш и сирова. И завитката во ориз. Жена запишала курс по подготвување суши но никогаш не го пробувала она што ќе го напрaви. Колегите од курсот ги збунунавало ваквото нејзино однесување па ја прашале за што се работи. 

Признај Британијо, нели си Велика?

Кога голема британска нафтна компанија беше национализирана во Иран, Лондон веднаш почна да работи на рушење на демократски избраната влада. Малку ги почекаа Американците за потоа заедно да ја убијат демократијата во Иран. Од тогаш минаа 70 години и Англичаните уште се прават енглези.

Дали Ф-16 ќе направеше разлика во украинската контраофанзива?

Процената што ја пренесува Њујорк тајмс е дека експертите се сомневаат дека американските воени авиони ќе довеле до некој значително поинаков исход од сегашниот, надополнувајќи дека истите тие веруваат дека Киев може да победи и без нив.

Дупката во санкциите се вика „трошоци за испорака“

Г7 воведе горна граница за цената на руската нафта, која не смее да се купува поскапо од 60 долари за барел, и ова е почитувано од нејзините сојузници, вклучително и оние подалечните како Индија. Меѓутоа ЕУ не воведе горна граница за тоа колку руски танкер може да го наплати транспортот на нафтата.

Трамп едвај ја чека затворската слика

Доколку Трамп биде приведен во Џорџија откако сојузната држава објави обвинение против него со 41 ставка, и биде фотографиран како дел од процедурата, тоа ќе стане најпознатата слика на нашето време, која поранешниот американски претседател неизбежно ќе ја искористи во својата кампања.

Женска, сакаш да се тупиме за климата?

Женска од Портланд, во гостински есеј објавен во Њујорк Тајмс, објасни зошто уште на првиот состанок со дечко, на маса ја вади темата за климата и климатските промени. И дека ако тој не ја дели нејзината опсесија со глобалното затоплување, нема шанси да продолжи со него.

Скотски цел живот работи, за други, туѓи батерии

Робовите од 19-от век биле подобро хранети и помалку труени од денешните африкански аргати, од рудниците за кобалт во Конго, до планините на електронски отпад во Гана и Танзанија. И социјалната разлика меѓу робовите и нивните господари во 19-от век не била толку голема како онаа денес, меѓу работниците и господарите на транснационалните корпорации. А нè терат да се плашиме од вештачката интелигенција.

Украина ја добива војната, ама нема да биде брзо

Целиот Запад што предвидуваше брза и лесна победа на украинската контраофанзива ем погреши, ем му наштети на Киев со издигнувањето на очекувањата до небо, ама тоа не значи дека на крај Украина нема да биде победникот, анализира британски Тајмс.

Недвижнини на денот: Мариупол

Руси навалија да купуваат плацеви во Мариупол, град на Азовското море кој темелно беше уништен во исцрпувачките битки за него а Москва го користи како пример за рекордна обнова и враќање на животото во нормала. Купувачите имаат разбирлива логика: да се купи сега кога е евтино а обновата да ја дигне вредноста на инвестицијата.  

Севернокорејците добија мисија од владетелот

Граѓаните на Северна Кореја во претстојниот период имаат света должност да ги заштитат сите портрети од Ким Џонг-ун пред пристигнувањето на бурата Канун, која треба да удри на земјата со тешки дождови и силни ветрови.

Да не ги има некој видено британските тенкови во Украина?

Британија беше главната сила која го влечеше Западот да ја снабди Украина со модерни тенкови, и беше прва која испрати тенкови од нова генерација во Украина за да ги охрабри своите сојузници. Од почетокот на контраофанзивата, нејзините тенкови ги нема никаде да се видат на фронтот.

Идната финансиска криза ќе биде создадена од вештачката интелигенција

Вештачката интелигенција ќе биде во центарот на идните финансиски кризи а регулаторите нема да можат да ја менаџираат состојбата. Ова е пораката што ја испрати претседателот на американската комисија за хартии од вредност, Гери Генслер, веројатно најважниот и најмоќниот регулатор во САД во моментов.

На Запад нешто е ротен, вели Џони Лидон

Таткото на панкот и фронтмен на Секс Пистолс, Џони Лидон (екс Џони Ротен), запука по денешните либерали затоа што проповедаат масовни миграции и уништување на работничката класа, во име на некаков модерен елитизам. „Викаат црнци на вечера само затоа се црнци и само затоа што сега тоа е фенси,“ вели Џони за снобовите кои се нарекуваат прогресивци.

Бугарија осомничена дека дрпнала 500 милиони евра од ЕУ

Европската јавна обвинителка Лаура Ковеши конечно реши да покрене акција во Бугарија, која долго време се смета за еден од најочигледните примери за неспособноста на Брисел да го реши проблемот со грабежи на европските фондови. Европското обвинителство во Бугарија води 143 истраги, со вкупна штета од 492 милиони евра.

Умирањето не е толку интересно како во пандемијата

„Денес умираат повеќе млади Американци, а не умираат од ковид-19. Зошто не бараме одговори?“ прашуваат двајца доктори во УСА Тудеј и потсетуваат дека без темелна и сеопфатна истрага, нема да се знае што е тоа што ги убива младите, уште помалку како тоа да се спречи.

Човекот кој проба да го хипнотизира целиот Советски сојуз

Во 1989 годуина, 87 проценти од руската популација запалила телевизор за да биде дел од обидот на еден психијатар од Украина да ја хипнотизира целата нација, да ја подзалечи и да ѝ даде смиреност во турбулентните времиња кога државата почнува да се распаѓа. Ескпериментот испаднал неуспешен, освен за еден човек.

Глобалниот југ се отцепува од американскиот светски поредок

Слободна трговија, врзана со американскиот долар и пораменета надворешна политика со надворешната политика на САД, беа столбовите на светскиот поредок кој доминира на планетава од крајот од Втората светска војна. Речиси 80 години подоцна, глобалниот југ, новиот назив за земјите во развој, полека почнаа да ги ревидираат овие правила.

Опасностите на добрите намери

Многумина го спуштија градот пред самонаречените прогресивци и разбудени, само затоа што овие на почетокот звучеа многу добронамерно. Кога сега се гледа во што тоа се изроди, а се изроди во царување на цензура, авто-цензура и само-осудување за да се спаси кариерата, останува да жалиме што се заборави на старата мудрост „Патот до пеколот е поплочен со добри намери.“ 

Нвидиа доби нарачка од 5 милијарди долари од Кина

Интернет гигантите Баиду, Бајтденс, Тенсент и Алибаба имаат нарачано околу 100.000 чипови од Нвидиа од моделот А800 кои треба да им стигнат до крајот на годинава, а брзањето е да направат залиха додека САД не вовеле уште некоја забрана за извоз на чипови во Кина.

Италијанската битка против масовниот туризам

Освен ако не заработувате од нив, нема никаква причина да ви бидат симпатични туристите, таа безумна орда која талка по улици, зјапа по фасади и прави селфија. Италија почна да презема мерки со многу разбирливи причини: Венеција, на пример, ја посетуваат 100 пати повеќе луѓе отколку што има домородци.

За прв пат Британија ќе регрутира лица со аутизам

Британската армија ќе го шири опсегот на лица кои ги исполнуваат критериумите за регрутирање. Едниот правец е кон зголемување на возраста на новите регрути, вториот е прифаќање на повеќе неуроразнобразни луѓе.

Фабрикуваниот консензус за климата ја уби дебатата

Климатски научник вели дека фамозниот „консензус околу човековиот учинок за климатските промени“ е фабрициран и дека на многу инволвирани истражувачи им одговара ширење на паниката, и во поглед на медиумската слава и во поглед на финансирањето на проектите. Го знае тоа таа бидејќи и самата била една од нив.