
Светот отиде премногу лево, а либералните политики што ги поддржуваат многу мејнстрим политичари работат само за да им служат на елитата а да ги поткопуваат вредностите на работничката класа, тврди Џони Лидон, фронтменот на англискиот панк бенд Секс Пистолс.
Во осудувачката рецензија на актуелниот политички пејзаж низ Европа, Лидон ја запердаши снобовската и патронизирачка политика што ја користат самопрогласените прогресивци.
Говорејќи за германскиот весник Ди Велт, Лидон ги обвини квази-либералните елити дека го поистоветуваат регулирањето на миграцијата со расизам, забележувајќи дека луѓето се плашат да проговорат поради страв дека ќе бидат наречени расисти.
„Тие сега канат црнци на вечера само затоа што се црнци и само затоа што тоа сега е во тренд, и нема поснобовско од тоа“, вели Лидон. „Се залагаат за масовна имиграција без никакви правила а потоа бегалците ги пикаат во работничките населби каде што луѓето и онака веќе се многу сиромашни, што само води до уште поголема невработеност и уште поголем криминал“.