Уште пред три години, кога беше професор на МИТ, Генслер во еден труд ги објасни и ризиците од финансиските кризи кои се пред нас и немоќта која во врска со нив ќе ја почувствуваат регулаторите на пазарот.
Главниот ризик доаѓа е од тн „трговии од црна кутија“, автоматизирани берзантски зделки кои се темелат на алгоритми кои учат со вештачка интелигенција. Ќе направат хаос и ќе го скршат пазарот кога истовремено ќе решат нешто да купуваат или продаваат.
„Едноставно нема толку многу луѓе обучени да ги градат и управуваат овие модели, и тие имаат прилично слично потекло и начин на размислување“, напиша Генслер.
Хомогеноста на одлуките може да биде фатална за пазарот а регулаторите можат малку да сторат околу тоа. Ако ги регулараат големите даватели на вакви услуги, компаниите ќе се свртат кон оние помалите кои не се опфатени со регулација.
Вештачката интелигенција има „ненаситна потреба од податоци“, забележува Генслер во својот труд а ризикот е дека моделите со ВИ неизбежно ќе се спојат во точка во која сите ќе го делат истиот огромен сет за обука, колективизирајќи ги сите инхерентни слабости што може да ги има тој сет.
Посебен проблем се компаниите во економиите во развој кои може да завршат со користење на ВИ кои воопшто не биле обучени за локални податоци, што ги прави ризиците уште поголеми.
Самиот Генслер понуди долг список на регулаторни пристапи кои би помогнале, но признава дека дури и сите тие заедно не би биле доволни за предизвиците што ни претстојат.