Првата основа подразбира можност за регрутирање на постари лица или продолжување на службата на веќе регрутираните, додека по втората во војската ќе влезат повеќе лица со аутизам, Аспергер или АДХД, кои „имаат вештини и карактеристики што другите луѓе ги немаат.“
Промените ги најави високиот функционер од британското министерство за одбрана, Ендру Мурисон, според кого сите три рода на британската војска треба да прифатат „пофлексибилен“ став кон работната сила, бидејќи се соочуваат со недостаток на луѓе на повеќе позиции.
Тој објаснува дека состојбата со персоналот во војската не е катастрофална, но не е ни задоволувачка како за регрутирање, така и за задржување на постојните вработени. Мурисон алармира и на тоа дека на војската треба да и е јасно дека на самиот пазар на трудот во земјата има страшна криза и мора да биде многу поконкурентна.
Моментално сите три рода имаат недостаток на обучени војници, а до април годинава британските вооружени сили имаат 5.420 припадници повеќе што си заминале отколку што се приклучиле.
Предлозите на Мурисон доаѓаат по владина ревизија која покажала дека под-инфлациските покачувања на платите, лошите услови за домување и ригидната структура за напредување го зголемуваат бројот на поединци што ја напуштаат војската, а влијаат негативно и на бројот на нови регрути.