Недвижнини на денот: Мариупол

Руси навалија да купуваат плацеви во Мариупол, град на Азовското море кој темелно беше уништен во исцрпувачките битки за него а Москва го користи како пример за рекордна обнова и враќање на животото во нормала. Купувачите имаат разбирлива логика: да се купи сега кога е евтино а обновата да ја дигне вредноста на инвестицијата.  

Има една година откако Русија го зазема Мариупол и Москва сега го користи градот како пример за брза ревитализација и обнова на териториите кои се под руска контрола. Го сметаат за трајно анектиран по серијата референдуми на таа тема кои запад не ги признава. 

Градот плати страшна цена на двомесечните  битките за него. 90% од зградите беа оштетени или уништени, илјадници цивили настрадаа, стотици илјади избегаа.

* Види: Google Earth ги смени снимките од Мариупол

„Најдов имот. Мариупол ќе биде прекрасен град“, рекол за Би-Би-Си извесен Владимир од арктичкиот руски град Мурманск, еден од многумината Руси кои последниве месеци покажаа голем интерес за купување недвижнини во Мариупол, една од најбараните локации на рускиот Фејсбук, ВКонтакте.

Логиката е јасна: да се купи имот сега која цената е ниска, а потоа да се остави обвновата на градот да ја зголеми вредноста на инвестицијата.  Особено се бараат локации со поглед на море.

Владимир конкретно вреќе го продал станот во Мурсманск и наскоро планира со цело семејство да дојде во Мариупол.

Државните медиуми здушно објавуват блескави извештаи кои ја прикажуваат реконструкцијата на Мариупол како се одвива со „рекордно“ темпо а животот се враќа во нормала.

„На местото на урнатините, сега има нови станбени блокови, градинки, училишта - сè се обновува со најсовремени технологии“, се вели во извештај на државната телевизија Русија 1.

Локалци тврдат дека таквите извештаи се шашма и дека само околу 10% од домовите во градот се обновени.

14 август 2023 - 13:14