Многупати ни е кажано дека климатските промени се вистинска криза и дека за тоа постои „убедливо широк научен консензус“.
„Тоа е фабрификуван консензус“, вели климатскиот научник Џудит Кари за Њујорк пост.
Вели дека научниците се мотивирани да го преувеличуваат ризикот заради „слава и богатство“. Таа тоа знае за тоа затоа што едно време и самата беше една од оние што ширеше тревога за климатските промени.
Кари доживеа медиумска слава кога масовно беше цитирана нејзината студија која сугерираше драматично зголемување на интензитетот на ураганите.
„Откривме дека процентот на ураганите од категорија 4 и 5 е двојно зголемен“, објаснува Кари. „Ова беше масовно прифатено од медиумите, а климатските алармисти сфатија: „Ете како се прави тоа: поврзи ги екстремните временски настани со глобалното затоплување!“
„Значи, хистеријата е и твое дело,“ ѝ рекол новинарот. „Не баш, медиумите тоа секако немаше да го пропуштат,“ вели таа.
Групите за екологија и климатски промени почнале да ја третираат како рок ѕвезда, летала насекаде да се среќава со разно-разни политичари, но таа сепак е научник па продолжила да истражува, за да сфати дека некои од критичарите на нејзината студија сепак биле во право.
„Имаа поента. Дел од податоците беа лоши“ вели таа но потсетува дека други климатски научници не се толку отворени за критика.
Во поддршка на посакуваниот наратив се кријат податоци, се игнорираат законите за достапност на податоци, се врши притисок брз медиумски уредници да откажуваат соработници кои не се вклопуваат во приказната.
Тврди дека производството на консензусот започнало со еко-програмата на ОН односно нивниот Меѓувладин панел за климатски промени по што националните агенции за финансирање ги насочиле парите кајшто треба а истражувачите брзо сфатиле дека најбрзо се доаѓа до финансии ако се работи за алармантни тврдења за „климатски промени предизвикани од човекот“.
Дури и ако некој скептик добил средства, тешко е да добие публицитет бидејќи уредниците на релевантните списанија се алармисти.
„Времето за дебати заврши“, поразително констатира Кари.
************
Види и: