Им признала дека никогаш во животот не ѝ се допаѓало суши и во суштина не може да го поднесе а дека курсот го запишала и го посетува само за инает на нејзиниот доскорешен маж.
Тој бил опседнат со суши и постојано ја тапанел да научи да спрема. Или да запише курс и да му го направи ќеифот.
Конечно го направила тоа, само откако му ги предала документите за развод.
Имало и други причини за разведувањето но знаела дека ова со сушито ќе го извади од памет и ќе го полуди.
Наравоучениие: не само бракот туку и разводот бара посветеност и жртвување.