Умирањето не е толку интересно како во пандемијата

„Денес умираат повеќе млади Американци, а не умираат од ковид-19. Зошто не бараме одговори?“ прашуваат двајца доктори во УСА Тудеј и потсетуваат дека без темелна и сеопфатна истрага, нема да се знае што е тоа што ги убива младите, уште помалку како тоа да се спречи.

Податоци од анализите на животните осигурувања во САД покажуваат дека денес и натаму умираат повеќе луѓе отколку пред пандемијата. И ако во тие години на ковидот страдаа главно стари и болешливи, новиот бран тешко удира по оние во најдобрите години од живототот.

Животните осигурувања на вработените покажуваат дека меѓу работниците на возраст од 35 до 44 години, починале неверојатни 34% повеќе отколку што се очекувало а натпросечни стапки има и во другите работни возрасни групи.

Во годината пред 30 април оваа година, 14 месеци после последниот голем пандемиски бран во САД, починале 104.000 Американци повеќе од очекуваното.

„Иако пандемијата речиси преку ноќ ја заборавивме без да си дадеме фора да го дижестираме она што глобално ни се случи, денес се појавуваат цифри кои дополнително ја усложнуваат приказната. Тие не ги даваат сите одговори кои можеби би не интересирале ама затоа отвораат некои прашања. А прашањата- зезнати“, пишавме во „По Европа денес се умира и повеќе отколку во пандемиските години“.      

Пандемијата разбирливо донесе таканаречен вишок смрт (повеќе починати во споредба со  неколкугодишните просеци за одреден период). Меѓутоа, пандемијата заврши а вишокот остана. И тоа поголем отколку оној вишок кој го покоси ковидoт.  Експерти предупредуваат дека земјата се соочува со „катастрофа од иста пропорција на самата пандемија“, пишавме во „Во Англија денес се умира повеќе отколку во пандемијата

12 август 2023 - 12:56