Венеција летово почна да ги применува мерките за дисциплинирање на туристите кои ги најавуваше неколку години: забрането е да се шеташ по купаќи, забрането е да се џиткаш во каналите, забрането е седење по тротоари, мостови и фонтани....
Да ги разбере човек: во 2019 година имаа 5,5 милиони посетители: 100 пати повеќе од популацијата во градот.
Од следната година Венеција и ќе наплаќа за влез на оние кои немаат резервирано преспивање.
Италија годинава веројатно ќе го сруши својот туристички рекорд. Се очекуваат 68 милиони туристи, три милиони повеќе отколку пред пандемијата.
Островите Лампедуса и Лионоса (меѓу Сицилија и Северна Африка) како и островот Просида во неаполскиот залив забранија автомобили. Просида годишно го посетуваат 600.000 туристи а се работи за островче од 4 квадратни километри.
Јужен Тирол воведе лимит на бројот на кревети кои се нудат на туристи.
Во живописното крајбрежно место Портофино, не многу далеку од Џенова, воведени се „црвени зони“ во кои можете да бидете казнети со 275 евра ако застанете да правите селфи. Во центарот на местото забрането е да одите боси или со голо торзо.
„Не сакаме да ги одвратиме луѓето да ни доаѓаат, само сакаме да сфатат дека секој треба да придонесе Портофино да остане убаво и пријатено место,“ вели градоначалникот.
Како локалци ги доживуваат туристите, читнете во колумната „Јебо вас туризам“ на Борис Дежуловиќ.