- Она што во други селски култури се вампири и вукодлаци, кај нас се туристи. На есен, кога по оловното небо ќе заигра тенок дим од нашата мала селска дестилерија, ние машките седнуваме околу казанот и окуражени од чашки топла ракија, раскажуваме ужасни приказни за туристи.
- Животот во мало идилично место, на почетокот на сезоната се претвора во скап пекол. Кога фамозните „бројки“ ќе здивеат, на ејакулативно одушевување на стратешките генијалци, за нашето мало заселце тоа значи дека влегуваме во локдаун и комплетна сообраќајна изолација.
- Имаме и една прекрасна непристапна тајна плажа, но, блогодaрејќи на интернетот и социјалните мрежи, за таа плажа, која ревносните истражувачи на Гугл Мапс ја означија како неоткриена „Hidden Beach“ со пет ѕвездички и врвни рецензии, сега знаат и сите седум ипол милијарди странски туристи.
- Администрацијата на Трамп привршува план за продажба на 40.000 бомби МК-84 на Израел, секоја од по 900 килограми.
- Експлозијата на бомбата МК-84 – една од најмоќните во арсеналите - исфрла метални фрагменти стотици метри во сите правци и може да пробие метал и дебел бетон. Израел фрлил стотици МК-84 врз Газа и Либан, дури и врз зони означени како „безбедни“ за цивилите.
- Пакетот во вкупна вредност од 2,8 милијарди долари вклучува и продажба на 20.000 боеви глави I-2000, наменети за пробивање утврдувања.
- Иако трансакцијата се опишува како продажба, за бомбите всушност плаќаат САД преку механизмот за Странско воено финансирање.
- Администрацијата на Трамп врши притисок врз лидерите на надлежните комисии на Конгресот да ја одобрат продажбата. Комисиите досега поддржувале вакви продажба, но во јули повеќе од 100 демократски конгресмени гласаа за прекин на секаква американска помош за Израел. И сè поголем број конзервативни коментатори, вклучувајќи ги Мегин Кели, Такер Карлсон и Кендис Овенс, се против помошта од 3,8 милијарди долари што САД му ја испраќаат на Израел секоја година.