Иако хипнозата има древни корени (египетски свештеници и сл), за татко на модерната хипноза се смета Франц Месмер (1734 – 1815).
Тој верувал во постоење на некоја мистична енергија наречена „анимален магнетизам“ што може да се пренесе од човек на човек. Фино се оженил за една богата вдовица, делувал во Виена каде се вклопил во елитното друштво, бил мецена на младиот Моцарт... (повеќе за тоа види во: Слепата пијанистка за која Моцарт напишал концерт).
Доаѓаме до Анатолиј Михајлович Кашпировски. Психијатар родум од Украина кој работел со извонредно успешниот тим на советски дигачи на тегови кои имаат усвоено 10 златни медали на Светскиот шампионат во 1987 година.
Две години подоцна, кога Советскиот сојуз почнува да се распаѓа, Кашпировски се појавува на руската телевизија во обид да ја хипнотизира цела нација и да го сопре распадот. На музика од виолини и посебна сценографија, тврдел дека може да го излечи народот од разни болести и во време на голема неизвесност, да создаде чувство на сенационална стоичка смиреност. Во неговиот најавен ТВ подвиг се вклучиле фасцинантни 87% од вкупната руска телевизиска публика.
Негде утнал. Во ургентните одделенија на руските болници, веднаш бил регистриран наплив од луѓе кои доаѓале жалејќи се на кардиоваскуларни проблеми и вознемиреност.
Но експериментот не бил 100% бадијала. Користејќи ја популарноста која му ја донела настанот, Кашпировски во 1993 година успева да стане пратеник во Думата, од редовите на Либерално-демократската партија.