Овие 100.000 А800 чинат околу една милијарда долари, а останатите 4 милијарди се за графички процесори за кои рокот на испорака е 2024.
А800 е ослабена верзија на А100 процесорот на Нвидиа кој се користи за дата-центри, и главната разлика е што е поспор од оригиналот. Нвидиа ја направи 800-ката за да биде во согласност со ембаргото на извоз што САД го воведе за спречување на напредокот на кинеските компании.
Последната набавка е направена од страв дека САД подготвуваат надополнување на мерките за блокирање на извозот во Кина. Неодамна беше објавено дека од следната година ќе биде воведена блокада на одредени американски инвестиции во кинескиот развој на квантни компјутери, напредни чипови и вештачка интелигенција.
На почетокот од годинава кога ВИ прв пат доби поголемо влијание, најголемиот дел од кинеските интернет гиганти имаа на располагање само неколку илјади чипови што би можеле да бидат употребени за обука на вештачка интелигенција. Само Бајтденс, сопствениците на Тикток, следната година планираат да нарачаат 70.000 А800 чипови.
Забраната за извоз на чипови за ВИ во Кина, беше критикувана од финансискиот директор на Нвидиа според кого рестрикциите „ќе резултираат со перманентна загуба на можности за американската индустрија.“