Со воведувањето воена состојба од февруари 2022 им се забранува на сите Украинци на возраст од 18 до 60 години да ја напуштат земјата. Исклучок за ова се медицински причини, студирање во странство, самохран татко, грижа за лице со инвалидитет или имање повеќе од три деца.
Кога пред некое време украинската влада спроведува истрага открива корупција во центрите за регрутација во 11 различни региони. Иако висината на митото се разликува, главно од потенцијалните регрути било побарано да платат 6.000 долари за медицински документ кој им овозможува избегнување на регрутација.
Причина за истрагата беше обвинението против раководителот на центарот за регионот на Одеса, Јевен Борисов, кој е обвинет дека до сега наплатил мито во износ над 5 милиони долари и им помогнал на стотици, а можно е и на илјадници лица да избегнат да бидат регрутирани.
Според обвинението против Борисов најголем дел од парите се потрошени на купување на вила во Шпанија од 4,2 милиони евра и нелегално патување на одмори, вклучително и на Сејшелите. Борисов ги отфрла обвиненијата, а неговите адвокати тврдат дека тој не бил свесен дека мајка му го купила имотот во Шпанија.
Освен митото, украинската армија има работа и со спречување на бегање од државата главно преку западната граница. До сега уапсени се 13.600 лица кои се обиделе да преминат во соседна држава надвор од официјален граничен премин, и уште 6.100 кои сакале да минат со лажирани документи. Фајненшл тајмс објаснува дека иако се работи за мала бројка, сепак тоа се доволно луѓе за формирање 5 бригади, плус не е познато уште колку успеале да пребегаат.
Весникот признава дека се случува украинските власти да имаат и проблем со регрутацијата, па на пример, освен видеата со бркање регрути по град, помали градови имаат сопствени Телеграм групи на кои пишуваат за присуство на регрутери и нивното движење.
Според украинскиот закон мажи на возраст од 18 до 25 години кои никогаш претходно немаат служено војска и клучни работници не можат да бидат мобилизирани, но и понатаму се должни да се регистрираат.