Велика Британија треба конечно да ја признае својата клучна улога во пучот во 1953 година со кој беше соборен последниот демократски избран лидер во Иран, смета поранешен министер за надворешни работи на Кралството.
САД официјално ја признаа својата улога уште пред 10 години со декласификација на голем број разузнавачки документи, кои јасно покажаа дека соборувањето на Мохамед Мосадег пред 70 години беше заеднички потфат на ЦИА и МИ6.
Британската влада тоа упорно го одбива, со објаснување дека не сака да коментира разузнувачки случаи.
Оригиналниот заговор, со кодно име „Операција чизма“, бил подготвен од МИ6 откако Мосадег стана премиер, а доминантната британска нафтена компанија во Иран беше национализирана.
Администрацијата на Хари Труман не сакаше да интервернира бидејќи го гледаа Мосадег како бедем против комунизмот, но Винстон Черчил успеа да го убеди неговиот наследник, Двајт Ајзенхауер. Во пролетта 1953 година, ЦИА започна заедничко планирање со МИ6 и операцијата беше преименувана во „Ајакс“.
„Со признавањето дека погрешивме што го сопревме развојот на демократски Иран, ќе им помогнеме на денешните реформатори во земјата“, изјави деновивеДејвид Овен, кој беше министер за надворешни работи од 1977 до 1979 година.
Инсталираниот шах подоцна беше соборен од Исламската револуција но тоа, многумина историчари го сметаат само како одложена последица од убивањето на демократијата од страна на тајните службии на САД и Британија.