Ако земате додатоци на витамин Ц, треба малку да се потсетите на препорачаните дози. Следејќи совети кои често можат да се најдат на интернет дека нема гајле од повеќе витамин Ц, бидејќи вишокот и онака се исфрла со урнинирање, многу луѓе претеруваат па потоа се соочуваат со непријатни нуспојави како чувство на гадење или главоболки, а во екстремни случаи и болни камења во бубрезите.
Скоро на тоа се пожали една ТикТок инфлуенсерка која борејќи се со рак на дебелото црево развила камења во бубрезите откако земала многу високи дози на витамин Ц во обид да го зајакне својот имунитет. Внесувала 50 g витамин Ц секој ден, што е еднакво на 50.000 mg. Препорачаната дневна доза за жени е 75 mg.
„Вишокот на витамин Ц во вашата исхрана не прави ништо за вашиот имунолошки систем затоа што, едноставно, го исфрлате. Проблемот е во тоа што во урината, витаминот Ц станува оксалат, кој е еден од главните причинители за камења во бубрезите. Буквално следите рецепт како се прават камења во бубрезите“, предупредува доктор Ешли Винтер, уролог.
За мажи, препорачаната дневна доза е 90 мг.
„Само затоа што малку од нешто е добро, не значи дека многу од тоа нешто е подобро“, советува Дана Хунис од УКЛА.
Горната граница е 2.000 мг на ден.