Насоки за секс за вселенски туристи

Секако дека идните вселенски туристи ќе имаат секс во вселената и тоа главно не е проблем, но што и да прават треба да гледаат да не затруднат во вселената, се порачува во истражување направено баш на оваа тема.

Истражувањето изработено од професорот по вселенска биотехнологија од Кранфелд универзитетот, Дејвид Кулен, им препорачува на компаниите што ќе летаат туристи во вселената „да бидат проактивни и да разговараат со своите клиенти за космичкиот секс“.

Проблемот околу затруднувањето е што постои шанса заднинска вселенска радијација да и наштети на тазе оплодената јајце клетка, дури и ако жената патува во вселена ден или два откако тоа се случило.

„Овие високо енергетски честички на радијација од длабоката вселена, можат да минат директно низ вселенското возило и низ човекот. Па теоретски, кога една од нив минува низ човекот таа би можела да го удри и ембрионот кој уште е во зачеток, и не знаеме каков ефект би имало тоа,“ објаснува др. Крис Ленхардт од НАСА.

Неговата препорака е, ако тоа возможно, туристите општо да се воздржат од секс во вселената затоа што навистина нема некое пообемно знаење за влијанието на вселената на репродуктивните системи, што главно се должи на тоа што досегашните вселенски истражувања се правени од државни агенции кои и немаат некој посебен интерес на темата.

До сега тоа што (официјално) го знаеме за сексот и вселената доаѓа од студии извршени на глодари, чии резултати не мора да важат и кај луѓе.

Според авторите на истражувањето дури и забременување неколку месеци по враќање од вселената би можело да е ризично. Несигурноста околу тоа како може да влијае вселената е причина и зошто астронаутите решаваат да замрзнат сперма пред да тргнат на мисија.

24 август 2023 - 09:01