Деновиве италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани објаснува дека насилната смрт на Гадафи е „клучна грешка која од тогаш предизвика брановит ефект на политичка нестабилност која се уште постои во Либија и која се шири низ Африка.“
„Убиството на Гадафи е смртна грешка. Иако тој беше далеку од пример за демократија, неговото отсуство започна лавина од немири кои продолжуваат да ја обвиваат Либија и нејзините африкански соседи,“ порачал Тајани.
Моментално во Триполи и дел од Либија продолжува војната меѓу најразличните страни кои и понатаму сакаат да ја преземат контролата на земјата. Само минатата недела во 2-дневните судири во Триполи имаше 27 загинати и 106 ранети.
Вечниот лидер на Либија беше заробен од толпа во близна на градот Сирте откако неговиот конвој беше нападнат од НАТО авијацијата. Во моментот на заробување тој се криел во водоводна цевка со рана од куршум во нога. Толпата кратко време го измачува и тепа, по што Гадафи добива куршум во глава и во стомак.
Бунтот поддржан од НАТО од 2011 носи само хаос и безредија на територијата на цела Либија, која ни од далеку не е на нивото од пред промената на власта.