Вести

За пцуење во Грузија се оди во затвор

Судовите низ Грузија се полнат со „безобразници“ откако властите со закон го забранија пцуењето по интернет како дел од кампањата за прочистување на политичката клима во Грузија од токсични поделби. Премиерот ги прогласи вербалното навредување за „оружје што политичките непријатели го користат за дестабилизација на земјата“.

Во доба на роботаксија, Убер се обложува на луѓе 

Убер вложува милијарди во новите автомобили без возачи, но верува дека клучниот фактор за економска исплатливост е да го зголеми бројот на возачи. Компанијата пресметала дека хибридна мрежа во која се вклучени луѓе може да ја зголеми зафатеноста на автономните возила што би носело поголем профит отколку флота составени исклучиво од роботаксија.

Обединетите нации се корисен театар

Секој септември, кога заседанието на Генералното собрание на ОН го парализира сообраќајот,  њујорчани се прашуваат: Која е поентата на глобалниот политички театар? Обединетите нации не се „почетокот на светска држава“. Најдобро функционираат во поограничена улога, кога делуваат како форум за државите, а не како повисок авторитет над нив. 

Речник

Работната недела се растегнува на шест дена

Идејата за четиридневна работна седмица веќе е напуштен. Се прифаќа нова шема на работа и во неделите. Наместо да ги набиваат работните часови во помалку денови, работниците едноставно ја прошируваат работата на шести ден, делејќи го времето на нелинеарни блокови прилагодени на родителските обврски, нивото на енергија или личните задачи.

Стара Канаѓанка еутаназирана против нејзината волја

Жена од Онтарио која страдала од тешка болест, во јули била подложена на програма за „медицинска помош при умирање“, иако во последните денови од својот живот јасно и гласно кажувала дека не сака да умре. Медицинските лица инсистирале да се спроведе процедурата наспроти сомневањата дека жената била збунета кога потпишала согласност за сопствената смрт. 

Како Трамп ги изневери Саудијците

Саудиска Арабија со години вложуваше стотици милијарди долари во воено партнерство со САД, верувајќи дека тоа ќе го одбрани Кралството од регионалните непријатели. Кога дојде критичниот момент, Вашингтон му сврте грб на својот партнер. Разочарувањето го води Ријад кон создавање  регионален воен сојуз и градење многу поблиски стратешки односи со Кина.

На Норвешка малку ѝ се 24 часа на ден, бара 26

Најсеверниот регион на Норвешка побарал од Европската комисија да му даде дозвола да воведе временска зона со 26 часа, бидејќи овие 24 не вршат работа таму горе.

Знаете ли дека веќе не постои „црвен телефон“ за да се спречи Трета светска?

Застрашувачки звучи опасноста на која предупреди највисокиот американски генерал во Европа а се однесува на реалниот ризик без разлика на вистинските намери, несакајќи и случајно да изгориме во нова светска војна. Порано постоеа жешки линии, црвени телефони и суптилен вокабулар за читање и толкување на намерите на спротивната страна. Сега од тоа нема ништо. 

Како американските дронови не помогнаа во Украина

Само компанијата Скајдио испрати стотици од своите најдобри дронови во Украина за да ја помогне војната против Русија. Дроновите не помогнаа во ништо, а најголемиот дел од нив паднаа жртви на руските оружја за електронско војување. Истото се случи и со дроновите од други американски компании.

Забрана за продажба на смартфони на лица под 16 години

Два месеца откако воведоа нови правила за користење на мобилни во англиските училишта, британските власти сега се на памет да ја забранат продажбата на смартфони на лица помлади од 16 години на ист начин како што е забранета продажба на алкохол или цигари.

Фајзер ја дискредитираше фармацевтската индустрија

По којзнае кој пат, фармацевтскиот гигант Фајзер е обвинет дека злоупотребувал социјални мрежи за со невистините и заведувачки тврдења да ја промовира својата вакцина. За жал, колку и обвинувањата и пресудите да стануваат сè посериозни, казните и последиците за Фајзер и неговите функционари стануваат сè посмешни. 

Нема бегање од Сан Франциско

Градските власти сакаат за сите локални супер/мини-маркети и продавници да воведат задолжителен рок од шест месеци најава пред да го затворат својот локал во Сан Франциско.

Западот е премногу декадентен да си помогне себе си, а не па на Украина

Пристигнувањето на американските Ф-16-ки ќе биде нерелевантно ако украинската војска е прегазена од руската заради немање доволно артилериска муниција, порачува висок украински офицер.

Русија има нова стратегија за украинската енергетска мрежа

Наместо напади на најголемите и најзначајните енергетски капацитети на Украина, Русија по ново се фокусира на уништување на помалите електрани во региони кои се послабо бранети од Киев. И за сега тоа им дава одлични резултати.

Рутински ампутации заради предолга окованост

Со огромна грижа на совест и морални дилеми, израелски доктор им пиша на властите дека се принудени да учествуваат во сериозно кршење на меѓународните правила. За што станува збор? За тоа што палестински заробеници толку долго се држат со окови на нозе и лисици на раце што на докторите потоа не им останува ништо друго освен да им ампутираат екстремитети. 

Зеленски меѓу лошо и бетер

Со работите какви што на денешен ден се на фронтот во Украина и на дипломатскиот фронт низ светот, опциите на Зеленски се меѓу лошо и бетер, пишува Вашингтон пост.

Чеченија забрани музика која е премногу брза или премногу бавна

Чеченскиот министер за култура објави забрана за сите музички, вокални или кореографски дела кои нема да бидат во темпото на традиционалната чеченска музика и вкусот на чеченскиот темперамент. Седнале со Кадиров и со метроном и премудро решиле дека една песна не треба да биде ни брза ни бавна туку -  таман. Следува БПМ спецификација.

28-годишна Холанѓанка ќе се еутаназира заради главата

Жената, инаку физички прописно здрава, легално ќе си го одземе животот затоа што не може да издржи да продолжи да живее со комбинација од депресија, аутизам и гранично нарушување на личноста.

Најголем дел од децата ја надраснуваат желбата за промена на полот

Сведувајќи го само на фаза во развојот, холандска студија спроведувана во период од 15 години открива дека најголемиот дел од испитаниците кои на 11-годишна возраст изјавиле дека сметаат дека се родени во погрешен род, со тек на време се предомислуваат.

Повторно живееме во „Позлатено доба“

Анализа на „отпечатокот на нееднаквост“ на повеќе од 200 американски корпорации покажува дека 90% од профитите (1.100 милијарди од 1.250 милијарди) завршуваат кај најголемите акционери, а и ЦЕО-та не минуваат лошо.

Во кинескиот бекстејџ на гламурозниот Армани

Не само што лажните Армани ги шијат Кинези туку и оригиналите ги шијат Кинези, живеејќи и работејќи во супстандардни услови во околината на Милано, некои од нив комплетни илегалци во земјата. За чанта која Армани ја продавал за 1.800 евра, на кинескиот подизведувач му биле давани 90-тина евра а не се знае колку од тоа завршиле кај работниците.

Во „градината ЕУ“ функционират преку 820 криминални мрежи

Еуропол идентификувала 821 криминална мрежа кои функционираат во Европа бавејќи се со широко портфолио илегални ативности. Шверцот и трговијата со дрога е главната игра а бизнисот е фокусиран во неколку европски земји. Многу криминални групи ја маскираат нивната основна работа со легални бизниси а најпопуларен начин за перење пари се недвижнините.

Урсула вработи сопартиец за 17. 000 евра месечно

Урсула фон дер Лајен си стави трн во здрава нога ангажирајќи човек од нејзината партија како советник, за дебела ЕУ плата. Таа само што ја почнува кампањата за реизбор како прв човек на Европската комисија кога се дозна случајот кој ја прави спорна нејзината кандидатура. Проблем е што Борел и други големи фаци во ЕУ отворено ѝ пишаа: Добро, ние глупи сме?

Време е да се испрати НАТО војска во Украина

Образложувајќи дека ако Русија во 2022 не искористи нуклеарно оружје, нема ни сега да искористи се додека не е под закана од истото, аналитичарот Едвард Лутвак му предлага на НАТО да испрати свои војници во Украина за да му помогне на Киев.

Попустите се хероинот на денешниот маркетинг

Според истражувања на Нилсен, преку 80 проценти од попустите не се профитабилни, дури ни краткорочно.  А краткорочното задоволство е главната придобивка заради која се прибегнува кон попусти и промоции. Се добива поголем волумен на продажба ама потоа се паѓа, па по некое време, од немај каде се прибегнува кон нова доза. Исто како со дрогите.

Помошниците на Путин

Мариупол беше целосно уништен од Русија, а  илјадници цивили загинаа и беа раселени. Сега обновата на градот, која не запира, е една од клучните точки на руската пропаганда, а германските компании се таму да помогнат, објавува германската телевизија АРД во текст под наслов „Помошниците на Путин“.

ВИ бирала кои луѓе Израел да ги бомбардира во Газа

Лавандер, систем базиран на вештачка интелигенција развиен за војување, обележал 37.000 Палестинци како осомничени оперативци на Хамас, од кои дел без никаква дополнителна човечка проверка потоа биле бомбардирани, објавуваат израелски медиуми.

Не се криви 8 милијарди луѓе туку 57 компании

Вината за зголемените емисии на озлогласениот јаглерод диоксид често се препишува на сите нас кои ја уништуваме „мајкичка Земјичка“, до толку што уште малку ќе не фати грижа на совест што воопшто дишеме па издишуваме CO2. Неодамна излезе отрезнувачки извештај за фактичката состојба на планетава: не сме сите криви туку огромно мнозинство од емисиите водат до само 57 компании и држави во светот.

Амазон ги баталува продавниците „земи и излези“

Изгледаше нестварно добро концептот кој Амазон го промовираше пред осум години по кој влегуваш во продавница, земаш што ти треба и излегуваш, без редови, без каса, без наплата. Иако изгледаше комплетно автоматизирано, во суштина армија Индијци ги гледаа снимките од продавницата и ви ја правеа сметката. Сега ни Индијци не им требаат.   

Русија сама на себе немаше да може да си одбере подобри санкции

Западните санкции не постигнаа ништо во спречување на Русија да ја почне а потоа и продолжи војната против Украина, руската економија ја заврши 2023 со раст на БДП од 3,6% што е повеќе од која било членка на Г7, а како бонус најголемите западни економии или се влезени или влегуваат во рецесија.