Во „градината ЕУ“ функционират преку 820 криминални мрежи

Еуропол идентификувала 821 криминална мрежа кои функционираат во Европа бавејќи се со широко портфолио илегални ативности. Шверцот и трговијата со дрога е главната игра а бизнисот е фокусиран во неколку европски земји. Многу криминални групи ја маскираат нивната основна работа со легални бизниси а најпопуларен начин за перење пари се недвижнините.

Животите и бизнисите во Европската унија се испреплетени со активностите на дури 821 криминална групација кои се бават со секакви илегални бизниси, ги маскираат со легални компании а веќе се влезени во поткупување обвинители и судии, обелоденува агенцијата за криминал на ЕУ.

Станува збор за огромна, шарена и мултинационална армија во која Еуропол идентификувале 25.000 поединци од 112 националности.

86% од групите се вклучени во легалниот пазар и држат трговија со недвижнини, градежништво, камионски транспорт, хотели, туризам, ноќни клубови...

Босовите на бандите главно се онаму каде што тие оперираат но во 6% од случаите, главните живеат надвор од ЕУ, од Обединетите Арапски Емирати, преку Турција или Мароко, до Јужна Америка. И кога некои од нив ќе завршат зад решетки , организацијата успева да го одржи бизнисот.

Се занимаваат главно со трговија со дрога и оружје но и со измами, транспорт на мигранти, изнуда...

68% од мрежите редовно прибегнуваат кон насилни методи а 70% се вклучени во корумпирање надлежни лица за да им тече работата.

Кокаинот е најпопуларната роба но Еуропол е загрижена од сè поголемиот внес на синтетички стимуланси, наречени зомби дроги, кои направија партал по Америка.

Операциите најмногу се концентрирани во Белгија, Италија, Германија., Холандија и Шпанија.

Извештајот на Еуропол го имате овде.

6 април 2024 - 17:19