Своевремено таа има амбиции да стане психијатар, меѓутоа никогаш не може да заврши школо или да почне друга кариера заради сопствените ментални болести. Бидејќи и е смачено вака да продолжи да живее таа посакува да си го одземе животот.
Зораја тер Бик се решава на овој чекор откако нејзиниот психијатар и кажал дека пробале се што можат за да го и подобрат менталното здравје.
„Повеќе нема што да направиме за тебе. Ова никогаш нема да тргне на подобро,“ раскажува Тер Бик за одговорот што го добила од докторот.
Таа живее со дечкото (и две мачки) од кого бара да биде со нејзе до крајот.
Дури по завршената еутаназија холандските власти ќе проценат дали смртта на Тер Бик била според поставените критериуми, по што треба да прогласат дека нејзиниот живот е законски завршен. Нејзина желба е да нема погреб, туку да биде испратена на крематориум а потоа дечкото знае каде да ја растури пепелта.
Девојката признава дека малку се пишмани и од смртта, не заради нејзината конечност, туку затоа што не е сигурна што се случува после тоа.