Кандидатурата на Урсула фон дер Лајен за втор мандат како претседател на Европската комисија стана проблематична по обвинувањата за фаворизирање при изборот на нејзин сопартиец за профитабилна функција.
Некои од највисоко рангираните луѓе во Брисел, вклучително и главниот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел и францускиот комесар Тиери Бретон ѝ пишаа на Фон дер Лајен дека назначувањето на германскиот европратеник Маркус Пипер за нејзин специјален советник „повлекува прашања за транспарентноста и непристрасноста во номинацијата“.
Пипер, кој доаѓа од истата партија ЦДУ како и Фон дер Лајен, неодамна беше назначен за специјален пратеник за мали и средни претпријатија, но европратениците се сомневаат дали тој бил кандидатот со најдобри резултати во процесот на селекција.
Според правилникот за плати, му следува плата од 17.000 евра месечно.
Урсула дон дер Лајен во 2019 година се проби како компромисен кандидат и сега ја започнува својата фактички прва кампања за избор. Кандидат е на Европската народна партија и нејзината номинација се чинеше бетонирана но четворицата потписници на писмото до неа доаѓаат од партии кои не се членки на ЕПП. А за нејзино повторно назначување сигурно ќе треба благослов и од тие партии.
Втор проблематичен момент за неа е што истрагата за набавките на вакцини на Фајзер, од белгиски раце неодамна ги преземаа европските обвинители.
Фајзер и ЕУ имаат договор за снабдување на 1,8 милијарди вакцини против ковид, кои биле договорени по пораки, и кои пораки Фон Дер Лајен повеќе од 6 месеци никако не може да ги најде, пишавме во статијата ЕУ не може да ги најде пораките со кои се договорени 1,8 милијарди Фајзер вакцини
Види и:
Урсула набавила по 10 вакцини за секој граѓанин на ЕУ
Неуспесите уште еднаш ја водат Урсула нагоре