Моментално иако Украина своите проблеми ги сведува на потреба од повеќе и поново оружје, кое треба да биде пратено, јасно е дека „она што го присилува Киев да се повлекува чекор по чекор не е недостаток на огнена моќ, туку недостаток на војници.“
И по симнувањето на долната граница за регрутирање од 27 на 25 години, наспроти глобалната норма од 18 години, вкупниот број на вооружени сили на Украина брои помалку од 800.000 луѓе. Се работи за исклучително мал број на војници за држава што во најлош случај има 30 милиони жители. На пример Израел со 8 милиони жители има армија од околу 600.000 луѓе.
„Ова значи дека, освен ако Путин не одлучи да стави крај на војната, украинската војска постојано ќе се повлекува, притоа губејќи војници кои не може да ги надомести. Русија дури не мора да ги испрати ни своите најдобри единици за да го постигне ова, доволни се доброволци војници на договор привлечени со добра плата, или руски затвореници кои служат обични затворски казни, регрутирани директно од нивните келии.
Без разлика на квалитетот, руската армија веќе е побројна од украинската и разликата секој ден станува се поголема.
Нема бегање од оваа математика: НАТО членките наскоро ќе треба да испратат војници во Украина или да прифатат катастрофален пораз,“ пишува Лутвак во текстот за Анхерд.
Тој објаснува дека Британија, Франција и скандинавските држави веќе тивко се подготвуваат за испраќање војска која би се стационирала далеку од фронтот. Овие единици би помогнале во ослободување на украински војници моментално зафатени со обука на нови војници или логистичка поддршка на силите на фронтот.
„Овие НАТО војници може никогаш нема да видат борба - но и не мора да видат за да и помогнат на Украина најмногу што може да ги искористи сили,“ порачува Лутвак.
Негова процена е дека соочени со потенцијален кинески напад на Тајван, САД не можат да обезбедат повеќе од 40-те илјади војници кои веќе се во Европа. Лутвак очекува дека овој минус ќе го надополнат побројните НАТО членки како Германија, Франција, Италија и Шпанија.
„Ако Европа не може да обезбеди доволно војска, Русија ќе преовлада на военото поле, па дури и дипломатијата успешно да интервенира за да избегне комплетен дебакл, руската воена моќ ќе има триумфален камбек во Централна Европа.
Во тој момент западноевропските сили ќе треба да ги имаат одново изградено своите вооружени сили, без разлика дали го сакаат тоа или не, почнувајќи со враќањето на задолжителното служење војска. Можеби во тие околности ние би сведочеле на враќање на нуклеарната носталгија, наивно навраќајќи се кон илузијата дека апокалиптично оружје е доволно за да се зачува мирот,“ порачува Лутвак.