На почетокот од студијата во која учествуваат 2.700 деца секое десетто дете во одреден степен не било задоволно од полот во кое е роден0. 15 години подоцна, секое 25-то дете „често“ или „понекогаш“ е незадоволно од својот пол.
„Резултатите на оваа студија може да им помогнат на адолесцентите да сфатат дека е нормално да имаш одреден сомнеж околу својот идентитет и својот пол за време на оваа возраст и дека тоа е релативно често,“ објаснуваат авторите на студијата од Универзитетот во Гронинген.
Резултатите се толкуваат како предупредување малку да се почека и да не се трга веднаш со терапии кои можат да предизвикаат доживотни проблеми, наспроти масовниот бум на трансродови клиники, посебно во САД, каде на деца им се даваат лекарства за промена на полот.
„Студијата дава уште повеќе причини да се биде скептичен кон агресивните чекори за започнување на родова транзиција во детството или во адолесценција.
Фактот дека стапката на задоволство се намалува за само неколку години, покажува дека кај најголемиот дел од луѓето, најдобар пристап кон справување со тинејџери кои не можат да го разберат светот и својата позиција во него, треба да биде разумност и претпазливост, а не избрзување кон перманентни операции и хормонски терапии,“ смета Патрик Браун од Центарот за етика и јавна политика.
Почнувајќи од март 2001, учесниците во студијата шест пати во рок од 15 години требало да одговорат на прашањето „Би сакал да бидам од спротивен пол.“ Имале избор на одговори меѓу: не сакам, понекогаш или често.
Одговорите покажале дека вкупно 78% од луѓето ги имале истите чувства за својот пол како и пред 15 години, околу 19% биле повеќе помирени со својот пол, а 2% се чувствувале помалку комфорни во него.
„Незадоволството од полот, кое е релативно често во раната адолесценција, генерално опаѓа со текот на годините и се смета дека е поврзано со полоша концепција за себе си и ментално здравје за време на развојот,“ објаснуваат истражувачите.