Локалните власти на Вадсо, на самата граница со Русија имаат потреба од овие два часа вишок за да ги „засилат локалните вредности, да зголемат време со семејството и да привлечат нови жители на регионот.“
Градоначалничката која го побарала ова го нема детално разработено планот, но отприлика објаснува дека часовникот од 12 ќе се зголеми на 13 часови „па ќе видиме како ќе оди, мислам дека нема да ни дозволат па не сме размислувале многу за деталите.“
Таа се надева дека новото траење на денот ќе помогне и во привлекување на нови жители, на кои ќе може да им го покаже тамошниот начин на живот во кој „не бркаме автобуси и возови или да треба долго да патуваме.“
„Ние сме многу задоволни со живеење во дел од Норвешка во кој имаме повеќе време да бидеме со нашите пријатели, нашето семејство и заедно,“ изјавила градоначалничката, Венке Петерсен.
Иако Норвешка не е членка на ЕУ, земјата е дел од Европската економска област. За ЕУ е познато дека има овластување да го регулира летното броење на времето, меѓутоа не се знае дали може да креира временски зони.