Британскиот фармацевтски воч-дог го обвини Фајзер дека ја дискредитирал фармацевтската индустрија затоа што негови високи шефови ги злоупотребувале социјалните мрежи за да промовираат „нелиценцирана“ ковид вакцина.
Утврдено е дека копанијата го прекршила регулаторниот код пет пати, вклучувајќи погрешни и заведувачки тврдења, неодржување високи стандарди и промовирање на нелиценцирани лекови.
Пресудата на фармацевтското надзорно тело, Управата за кодекс на пракса за лекови на рецепт се однесува на конкретна жалба за твит од ноември 2020 година од страна на врвот на Фајзер.
„Нашиот кандидат за вакцина е 95 отсто ефективен во спречувањето на ковид-19 и 94 отсто ефикасен кај луѓе постари од 65 години“, гласеше твитот на медицинскиот директор на Фајзер, д-р Беркли Филипс, кој после го ретвитаа високи функционери во компанијата.
Ваква порака содржи „лимитирани“ информации за ефикасноста на вакцината, нема безбедносни информации или упатување на референци за несакани последици, пресуди надзорното тело.
Фајзер ја прифати пресудата и рече дека жали заради ова.
Меѓутоа, ова е шести пат како Фајзер добива опомена од регулаторот поради нејзината промоција на ковид вакцината. Една одлука од ноември 2022 година, покажа дека главниот извршен директор дал „лажни“ изјави за вакцините за деца.
За најновата серија прекршувања, на Фајзер му се наплатени саамо административни трошоци од 34.800 фунти.
„Зачудувачки е колку пати високите директори на Фајзер беа прогласени за виновни за сериозни регулаторни прекршоци а последиците по Фајзер стануваат сè посмешни. Овој безнадежен систем на регулатива на индустријата која решава за живот и смрт а вреди милијарди долари очајно има потреба од реформи“, вели Бен Кингсли од здружението UsForThem.
Претходно пренесовме дека Американската федерална агенција за храна и лекови, се согласи да ги избрише своите постови објавени на социјални мрежи на кои јадеше бабури против ивермектинот.
Toa не го пропушти Џо Роган за да им се насере на CNN и другите кои ја водеа црната кампања.