Вести

Гулабот размислува како вештачка интелигенција

Мозокот на гулабот функционира на сличен начин како и вештачката интелигенција на базично ниво. Ова го покажа нова студија во која психолози од Универзитетот во Ајова го испитале функционирањето на мозокот на гулабот, откривајќи дека има сличности со вештачката интелигенција.

Добра вест за овците: Можете и без овчар

Банкротот на еден новозеландски фармер пред речиси еден век довел до необичен природен експеримент. По пропаѓањето на фарма на субантарктичкиот остров Кембел во 1931 година, околу 4.000 овци биле оставени сами да се снаоѓаат. Децениската изолација и животот во сурови услови создале популација со ретки наследни особини.

ЕУ ја спакува и амбалажата во бирократија

Економистите, бизнисмените и стопанските комори со години попусто се жалат дека Брисел и Берлин со секоја нова директива уште повеќе ја гушат економијата. Есенската сезона на реформи носи нови апсурдни закони што ги излудуваат фирмите, како воведувањето „комесар за амбалажа“ и обврската за овластени претставници во сите 27 членки на ЕУ.

Речник

Потонаа акциите на „Трамп медиа“

Вредноста на акциите на фирмата зад социјалната мрежа на Трамп упорно паѓа по поразот на републиканците на изборите за Конгресот. Паднаа на 4 долари, од 80 долари, колку што вредеа пред две години. Инвеститорите се жалат дека се предадени. Вредноста на акциите на Truth Social на берзите сега се следи како барометар за популарноста на Трамп меѓу Американците.

Затворени врати повеќе нема да спасат мигранти од депортација

Белгиските пратеници го изгласаа контроверзниот закон со кој на службата за имиграција ѝ се овозможува ненајавено да упаѓа по приватни домови за да приведува нелегални мигранти што добиле налог за депортација. Претресите ќе бидат ограничени на лица на кои им е одбиено барањето за азил во Белгија и кои се сметаат за закана за јавната безбедност.

Демократите добија моќ да го сменат изборниот систем во САД

Изборното „сино цунами“, со кое ја презедоа командата на Конгресот на САД им овозможи на демократите да спроведат изборна реформа која некогаш се сметаше за невозможна: да го отфрлат архаичниот и непопуларен Изборен колеџ. Веќе од 2028 година претседателот на САД би можел да биде избран со мнозинство гласови на национално ниво.

Украина до ноември ќе претстави акциски план за мир

По глобалниот самит што го организираше во јуни во Швајцарија, Украина, конкретно Зеленски, најави дека до ноември ќе имаат и акциски план како да се стигне до мирот.

Пак ќе пробаат да го скинат Трамп до ноември?

Оние што веруваат дека атентатот на Трамп не е дело на осамен лудак туку-така качен на покрив со пушка, убедени се дека моќните структури кои го извеле тоа, нема да се откажат после првиот неуспех. Особено што стигна и писмо од свиркач, контра-снајперист, кој го тврди истото и вели дека ќе алармира додека не бидaт сменети сите негови претпоставени.

Наследникот на Ермес не знае каде му се 13 милијарди долари

Истиот 80-годишник кој минатата година се прослави по најавата дека сите пари ќе му ги остави на својот градинар, сега излезе дека нема да има нешто многу пари за оставање.

Олимписките камермани укорени за непристојни снимки

Жените што учествуваат на Олимпијадата во Париз се „елитни спортисти“ кои камерманите треба да ги кадрираат на ист начин како и мажите, порачал директорот на комплетниот пренос од ОИ 2024.

Гувернерот на Калифорнија ѝ објави војната на сатирата

Видео склопено со вештачка интелигенција кое беше очигледна пародија на Камала Харис толку го разбесни калифорнискиот гувернер Гавин Њусам што веднаш најави закони со кои ќе се осигура дека не може тоа така. Првиот човек на некогаш најдобрата американска држава очигледно не верува дека неговите граѓани можат да разликуваат реалност од очигледна фикција без помош на цензура.

Калифорнија почна да се чисти?

Гувернерот на Калифорнија им нареди на агенциите на сојузната држава да почнат со отстранување на населбите на бездомници на државно земјиште, откако Врховниот суд на САД им дозволи на градовите да ја спроведат забраната за спиење на отворено на јавен простор.

Дали малку гадно ќе те спречи да ја спасиш планетата?

Само 13% од испитаниците изјавиле дека се подготвени редовно да јадат оброци со инсекти, кои во последно време се натураат како еден од столбовите за спас од глобалното затоплување. И тоа мора да се поправи во име на климатските промени, не инсектите, туку вашето гадење од нив.

Британија забрани блокатори на пубертет

Забраната за блокатори на пубертет воведена од претходната британска влада со помош на вонредни овластувања е законска, одлучи британскиот Висок суд, со што речиси ја запечати важноста на забраната.

Прашањето што го куртули Ферари од дипфејк измама

Сред работна недела директор на Ферари почнува да добива еден куп неочекувани пораки, и сите изгледаат како да доаѓаат од ЦЕО-то на компанијата кој нема врска со тоа.

Во јужна Европа ќе се живее најдолго

Познато е дека дека здравјето и долгиот живот се во тесна врска со БДП по глава на жител онаму каде што се живее. Но, проекции за очекуваниот животен век на средината на овој век велат дека просечниот животен век во Шпанија ќе биде подолг од оној во далеку побогатата Данска. Исхраната и движењето се битни, но не се сè. Шпанците ги држи (долго) во живот и тоа што се дружат и смеат, макар седеле и јаделе чипс. 

Има ќар и од две недели детокс од социјални мрежи

Две недели детоксикација од социјални мрежи успеала да ја намали зависноста од смартфони и социјални медиуми, додека во исто време го подобрила физичкото, менталното и општествено здравје кај младите лица.

Респираторите косеа во пандемијата

На почеток на пандемијата, луѓето во апаратите за механичко дишење гледаа спас ако фатат ковид и работата се искомплицира. Како доаѓаа податоци почнаа сомнежите, за на крај луѓе да молат да не бидат ставани на вештачко дишење. Во право биле. Стигнаа податоци за Германија. Но, ако таму податоците се лоши, кај нас беа катастрофални.

Кремљ вртел на телефон во Пентагон

Минатиот месец министерот за одбрана на САД, Лојд Остин, добил телефонски повик од својот колега од Москва, Андреи Белоусов, кој инсистирал дека мора да разговара со првиот човек на Пентагон.

Децата на Газа

Доктор Марк Перлмутер е американски хирург со 40 мисии и 30 годишно огромно искуство во катастрофични зони ширум светот. Запрепастен е од цивилното уништување на кое неодамна сведочел во Газа. Најмногу го вџашува огромниот број деца загинати од прецизни снајперски погодоци. Неговото искуство го потврдуваат десетици други доктори кои биле во Газа.

Кампањата на Трамп фатена неспремна од повлекувањето на Бајден

Тоа што на штабот на Трамп му требале цели два часа пред да објави изјава за повлекувањето на Бајден од трката, Аксиос го толкува како знак дека и тие не очекувале американскиот претседател, или барем не тогаш, да се откаже од номинацијата.

Светот е под чизма на американските санкции

Една третина од сите држави во светот се под некоја форма на финансиски и трговски санкции кои против нив ги имаат воведено Соединете Амрикански Држави. Најмногу страдаат сиромашните: 60% од државите со низок приход пиштат под американски санкции. Иако нема уверливи докази дека тие функционираат, за американските претседатели санкциите остануваат омилена алатка.

Трамп ќе ја крене членарината за НАТО?

Кај требаше Русија да изврши инвазија на Украина и години и години закани дека Америка ќе се повлече од НАТО за членките на Алијансата да се приближат до ветените 2% БДП трошење на одбрана, сега тимот на Трамп размислува границата да ја крене на 3%.

Обама не верува многу во успехот на Камала

Поранешниот американски претседател се уште ја нема поддржано Камала Харис, а тоа е затоа што тој не мисли дека таа ќе може да го победи Доналд Трамп, тврдат извори блиски на семејството на Бајден.

Половина од младите Американци не сакаат да имаат деца

Еден од најбрзо растечките демографски трендови во САД е порастот на оние кои не планираат некогаш да создадат и одгледаат дете. Ги викаат „dinks“, што е акроним од „dual income“ односно двоен приход и се работи за двојки кои живеат заедно без да го комплицираат животот со нови членови на нивната заедница. 

НБА тимот од Лас Вегас ќе биде најскапата спортска франшиза во Америка

Лас Вегас најверојатно ќе го добие новоотвореното место за проширување на НБА лигата, и тоа ќе чини историски многу пари, а како потенцијални инвеститори се редат милијардери, инвеститори претставувани од Леброн Џејмс, па до компанијата што е сопственик на Ред Бул.

Нетфликс во еден ден има повеќе гледачи од ЕплТВ+ во цел месец

Со додавање на осум милиони гледачи само во последниот квартал, Нетфликс сега има 277,7 милиони претплатници и стига до над 600 милиони луѓе низ светот. ЕплТВ+ не е баш таму.

Париз под опсада, 75.000 војници на улиците

Остануваат уште два дена до почетокот на Олимписките игри во Париз, а безбедноста во француската престолнина е на невидено високо ниво. Толку е стегнато сè што градот е морничаво празен и тивок. Макрон тврди „подготвени сме“ иако на многумина им мрзне крвта од заканите од типот:„Крв ќе тече по улиците на Париз!“

Еден ако не е врзан, сите во колата плаќаат казна

Воведувањето сигурносни појаси во автомобилите своевремено беше проследно со големи отпори меѓу луѓе кои тврдеа дека така им се влегува во личната слобода а државата ги смета за малоумни. Ама па државата најчесто е поупорна од таквите. Денес не постои земја во која возач нема да бидат казнет ако е без појас. Белгија оди чекор понатаму. 

Камала става крај на старата Демократска партија

Историски, базата на Демократската партија беа работниците и малцинствата а нивните гласови се задржуваа со фокусирање на секојдневни теми и проблеми како што се платите, цените, домувањето, условите за живот и работа. Новата база е урбана елита која повеќе се занимава со тоа како да се рационализира горивото или како помалку да се јаде месо.