Илон Маск минатата недела сподели видео ко демек реклама за претседателската кампања на Камала Харис. Видеото започнува со глас сличен на Харис, со кој му се заблагодарува на актуелниот претседател Џо Бајден што „ја покажа својата сенилност“ и ѝ дозволи да го заземе неговото место во трката. Притоа се фали како шампион на различноста. „Јас сум и жена и обоена личност“, вели гласот „што значи дека ако ме критикувате, истовремено сте и сексист и расист“. Маск го сподели со коментар ‘This is amazing’ и насмеано емоџи.
Не мора да сте генијалец за да сфатите дека на видеото не е Камала. Таму има референци на многуте чудни мотивациони цитати на Харис, како оној во „Идиократија: 4 минути Камала Харис“. Но, пројде одлично. Автентичното видео од кое е инспирирана ВИ пародијата доби 1,1 милион прегледи на YouTube, ова скоро 130 милиони гледања на X.
Едно лице кое не успеа да ја види смешната страна беше авторитарниот гувернер на Калифорнија, Гавин Њусам. Прозивајќи го Маск, беснееше: „Манипулирањето со глас во „реклама“ како оваа треба да биде нелегално. Ќе потпишам предлог-закон за неколку недели за да биде така!“
Маск одговори маестрално/дебилно во стилот на Симпсонови, со реплика која веќе стана интернет класика:
Маск има право што не му простува на Њусам за неговата авторитарна битка против пародични видеа. Лажната Камала очигледно беше направена за заебанција а не како обид да се измамат гласачите. Треба да си медиумски неписмен на ниво на Амиши за да не ја видиш сатирата, пишува Лорен Смит.
Ова не е прв пат Маск и Њусом да ја спукаат. Маск претходно најави дека централата на Икс и на СпејсИкс ќе ги вади од Калифорнија. Одлуката беше запечатена со новата легислатива која им забранува на училиштата да бараат од наставниците да им кажат на родителите ако детето почне да се идентификува како транс (види: Тоа што не успеа Мао Це Тунг, ќе успеат излудениве либерали). Њусам врати дека Маск свиткал кичма пред Трамп.
Откако стана гувернер во 2019 година, Њусам воведе низа закони во полза на родовите екстремисти, вклучително и принудување на продавниците да имаат делови за родово неутрални играчки.
А Маск има и лична причина зошто е против таа идеологија (види: Воук вирусот е зло. Тоa го уби син ми).
Њусам е катастрофален за Калифорнија по многу линии. Неговите зелени политики беа ужасно скапи, сметките за енергија ги направија ужасно високи а производството неодржливо. Донесе закон кој бара платформите на социјалните медиуми да цензурираат контроверзна содржина под превезот на заштита на децата. Од минатата година, Калифорнија, исто така, го задолжи училиштата да предаваат „медиумска писменост“ како дел од наставната програма. Целта на ова е, наводно, да им помогне на децата да детектираат теории на заговор и други „лажни вести“ на интернет. Сето тоа се програми со јасна пристрасност, каков што ќе биде и овој против „deepfake“ - да се знае што смее да се каже на интернет и кои ликови може да се исмеваат.
„Во суштина, Гавин Њусам не им верува на Калифорнијците дека знаат да го користат сопствениот мозок. Тој очигледно мисли дека обичните луѓе не се способни да разликуваат факти од очигледна фикција без помош на цензура. Неговиот авторитаризам опериран од хумор е многу поголема закана за демократијата од која било пародија на вештачката интелигенција“, пишува Смит.