Пак ќе пробаат да го скинат Трамп до ноември?

Оние што веруваат дека атентатот на Трамп не е дело на осамен лудак туку-така качен на покрив со пушка, убедени се дека моќните структури кои го извеле тоа, нема да се откажат после првиот неуспех. Особено што стигна и писмо од свиркач, контра-снајперист, кој го тврди истото и вели дека ќе алармира додека не бидaт сменети сите негови претпоставени.

Џо Роган: Мислиш дека ќе пробаат уште еднаш да го тргнат Трамп?
Мајкл Малис: Да.
Роган: И јас. Ако еднаш веќе пробаа, тоа нема да им биде последен пат.

Но не се само Роган и Малис кои мислат така.

Џеси Вотерс од Фокс разгласи за меилот кој од долгогодишен контра-снајперист го добила Сузан Кребтри од RealClearPolitics

„Контра-снајперист на Тајната служба предвидува нов обид за атентат пред ноември. Во е-пошта добиена од агент на Тајната служба со 20-годишно искуство во контра-снајперскиот тим, човекот најавува дека ќе алармира за ова сè додека не бидат отпуштени сите негови претпоставени. Контра-снајперистот вели дека неговата мисија е да спречи уште еден атентат во стилот на ЏФК, а единствената причина што тоа не се случило досега е затоа што имале среќа“.

Вели дека раководството на Тајната служба е корумпирано и јасно наведува:

„Сите треба да очекуваме уште еден обид за атентат пред ноември. Ја покажавме нашата неспособност да ги заштитиме нашите лидери поради нашите претпоставени“.

Откако оваа е-пошта стана јавна, била избришана од серверите на Тајната служба.

Вели дека во тек е масовно прикривање кое се прелева и во Конгресот. Откако директорката на Тајната служба, Кимберли Читл, поднесе оставка под притисок, нејзиниот број два доби унапредување и  сведочеше дека Тајната служба малку зезнала, ама локалната полиција била највиновна.

Еве за меилот од свиркачот контра-снајперист:

 

31 јули 2024 - 12:43