Инсектите кои се туркаат како замена за секакво месо и извор на протеини доколку бидат помасовно прифатени, а не само од вообичаената публика за вакви иновации, ќе помогнат во кратењето на загадување и штетните гасови кои доаѓаат од одгледувањето стока.
Како аргумент за воведувањето инсекти во секојдневната исхрана се наведува и тоа што стотици милиони луѓе во Азија, Африка и Латинска Америка веќе ги јадат истите, па само треба на Западот да му се протурка оваа исхрана за таа да стане меинстрим.
Надежта е дека инсектите ќе имаат слична гастрономска траекторија како сушито, кое првично беше отфрлено од западната цивилизација, за сега да биде прифатено.
„Инсектите се потенцијално богат извор на протеин и микро-хранливи состојки и можат да бидат решение на двојниот товар на дебелина и неухранетост.
Некои протеини од инсекти, како мелени штурци и сушени црви се поевтини и полесни за одгледување, често пати со помалку масти и помала штетност на околината отколку традиционална стока,“ објаснуваат британските научници.
Тројанскиот коњ кон секојдневната исхрана што тие го откриле е дека народ е далеку поподготвен да проба инсекти ако тие се смелени во прашок.
Од испитаниците само 24% изјавиле дека очекуваат да им се допадне вкусот, а само 14,1% веруваат дека храната со инсекти би изгледала привлечно.
Во целата работа, надежта дека нема да пројадеме бубачки лежи кај младите кои колку помалку години имаат толку било поверојатно да ја одбијат идејата да јадат бубачки.
Признавајќи го факторот гадење како проблем за поширокото прифаќање на инсектите како секојдневна храна, ко-авторката на студијата пробува да го помири светот со штурешко и црвешко, порачувајќи:
„На крај може да се случи и да нема друг избор ако се земат предвид климатските промени и проектираниот раст на глобалната популација.“