
Новите податоци покажуваат дека странците сочинуваат значителен дел од луѓето што во Италија живеат во апсолутна сиромаштија. Во меѓувреме, сиромаштијата кај семејствата со двајца италијански родители се намалува.
„Увезуваме сиромашни луѓе. Од вкупното имигрантско население, 35,6 проценти живеат во апсолутна сиромаштија. Оваа стапка е пет пати повисока од онаа на Италијанците“, пишува Маурицио Белпјетро од Ла Верита.
Од 2,2 милиони домаќинства што живеат во сиромаштија, т.е. немаат доволно приходи за минимален животен стандард, 1,5 милиони се Италијанци, а 733.000 се странци. Со дуги зборови, оние кои се помалку од една десетина од населението, прават една третина од сиромашните.
Официјалните податоци од државната статистика покажуваат дека за семејствата со еден Италијанец и еден странски партнер, апсолутната стапка на сиромаштија е само малку пониска, 30,4 проценти.
Ваквите податоци ги уриваат надежите дека масовната имиграција ќе ги „спаси“ европските пензиски системи на остарениот континент.
„Не, имигрантите не им плаќаат пензии на Италијанците. Апсолутната стапка на сиромаштија кај семејствата само од странци е 35,2%, додека кај семејствата само од Италијанци е 6,2%. Ова значи дека Италијанците се и ќе бидат тие што мора да плаќаат за помош, субвенции, домување и пензии на странците.“, напиша италијанската коментаторка Франческа Тотоло.
Според една релевантна студија од Холандија, мигрантите ја чинеле државата 400 милијарди евра помеѓу 1995 и 2019 година. Во Германија, проценетите трошоци за мигрантите моментално се 50 милијарди евра годишно, вклучувајќи социјални бенефиции, домување, интеграција, образование и детски додатоци. Во 2021 година, францускиот автор и академик Жан-Пол Гуревич изјави дека податоците за вработување покажуваат дека е мит дека имиграцијата во Франција носи економски придобивки.