Отворањето на Олимписките игри е замислено како екстраваганција на реката Сена во самиот центар на градот, па тој дел е посебно изолиран во оваа невидена безбедносна операција.
Безбедноста на Олимпијадата го повлече најголемото мирнодопско распоредување на безбедносни сили во историјата на Франција, со околу 75.000 полицајци, војници и ангажирани чувари кои постојано патролираат во Париз.
Улици и метро станици се затворани. Поставени се околу 44.000 бариери и развиен е систем за QR код за жителите и другите кои сакаат да се доближат до Сена. Дури и до една од најпознатите атракции, катедралата Нотр Дам, може да се пристапи само со посебен код и низ лавиринт од метални огради кои ги надгледува полицијата, пишува Би-Би-Си.
Како резултат на тоа, градот е невообичаено тивок, што не ги радува сите.
„Малку сум загрижен. Никогаш не сум го видел градот толку мирен. Деведесет проценти од туристите си заминаа“, вели 25 годишен келнер покажувајќи на опразнте маси на бистроата.
Генералот Лионел Катар, задолжен за координација на 5.500 војници доведени во главниот град смета дека не е страшно и дека мора така.
„Имаме екипи за разминирање. Имаме екипи со кучиња. Имаме анти-дрон системи, радари и нуркачи кои патролираат по реката Сена“.
Тој со согласува дека безбедносната операција за Олимпијада е невидена досега но била развиена од операцијата Сентинел, создадена пред десетина години заради исламистичките напади во градот. Овојпат на помош доаѓаат и околу 1.800 полицајци од странство.
Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Дарманин рече дека пред Игрите, властите прегледале над милион луѓе, вклучувајќи спортисти, тренери, новинари, волонтери, обезбедување и локално население. Од 4.360 лица на кои им е забранет пристап, 880 добиле забрана поради сомнежи за странско вмешување.
Последниве месеци имаше неколку политички сензитивни инциденти. Деновиве многу се пишуваше за 25 годишна Австралијанка која побара помош во дуќан за донери во близина на Мулен Руж, тврдејќи дека преходно била силувана од петмина Африканци.
Во 2023 година, 77% од силувањата во Париз беа дела на имигранти:
Само три дена пред отворањето на Игрите, по социјалните мрежи се вртеше директна закана на арапски јазик од маскиран човек, до Французите и претседателот Макрон. Се нагаѓа дека е од Хамас а се закани дека заради поддршка на ционистите, наскоро крв ќе тече по париските улици.